Мами, скоро сме 6 месец и сакам да започнам со давање цврста храна. Сега сме на каши, не ги обожава многу ама апнува по 4-5 лажички. Со што би ми препорачале да почнам? Дали смеам да му давам јајце? Благодарам.
Не. Јајце после 8 мес, и тоа ќе почнеш прво со жолчка, па после и белката. Сега за сега јаболко, круша, слива, кајсија, праска, компир, морков, ориз, брокула, карфиол...
Сакаш да даваш парченца, а не каши? Во тој случај мислам дека е подобро да се водиш по блв методот каде бебето само јаде, а не ти да му даваш директ парченца. Има и тема за блв, можеш да и пишеш на мајкатаката на инстаграм или најмногу информации има на solidstarts на нивниот сајт или на инстаграм, имаат и апликација околу припремање и сервирање на храната. Од се до сега што сум прочитала после 6 месеци нема ограничувања за храна која смее која не, па така и за алергени, за кои и се препорачува порано воведување. Едино да се пази на тоа да се воведува добра комбинација на нутритивни вредности. На малабебавелики гурман на инстаграм во хајлајтс има доста информации и комбинации. Јајце јас лично цело не би дала на таа возраст пошто е премногу протеин за тој дигестивен систем, ама помала количина да. Ако ти е страв одложи го.
Од кога се почнува со малку сол во каши? Денес бев на педијатар ми рече може се да јаде освен мед и морски плодови ама за сол изумив да прашам дали после година или како?
ние не сме растени со палента и ден денес не јадеме ама пак моето си јаде, барав и случајно најдов рецепт за палента, се подготвува 20мин на овој начин, нели во зовриена вода ( откако ќе зоврие водата се намалуваат степените на ринглата) се истура полека палента, се става и путер (несолен за бебенце) и тенџерето се поклопува, се промешува на секои 3-4 минути но со таква маталка за јајца со повеќе жици што е испреплетена за да не се ствараат грутки, палентата на крај добива кремаста структура и стварно е вкусна
Бубче јас дадов какао на 7 месеци. Со банана обично го комбинирам и давам 2 пати неделно. Зедов органско од бако.
Да сосем малку на врвот на лажичката ставам пред да блендирам. Ако правам овесна каша тогаш се заедно варам вклучително и какаото. Туку кажете белка како да воведам Жолчка јаде. И од кога може јајце од препелица?
Каква палента е ова? Може ли слика да ми пратите? Јас пак купувам една и се спрема мн брзо само да проврие за 2мин е готова,ама не ми е многу убава а обожавам палента. Таа што ја барам и што ме потсеќа на детството е многу ситна како брашно и која јадеш е како права каша за разлика од оваа која ми е како јадар гриз. Дали и вашата е таква? Фала
Сакам да почнам со јаткасти, земав путер од кикирики. Предлог како да го дадам, мн ни е леплив за да и го намачкам на лепче?!
Да, тежок за варење е медот не планирам ни јас скоро да го воведувам иако наполни 1 година. Путер од кикирики во мафин или во палачинки ставам и така му го воведов. Леплив е онака не го сака баш баш.
Во овесна каша можда? Ја така го јадам. Иначе еднаш му го намачкав на лепче, апна две залчиња П. С. Можеш и како парчиња јатките да ги даваш, или мелени во мафини, во палачинки. Моево знае од време на време да си замезува индиски, лешници, бадеми.
Што знам за овеснава, јас обично овес со јогурт и давам, не ми иде да и бапнам кикирики некако . Како ги јаде, ги гриза или мелени му ги даваш? Мојава 3 ипол заба има моменталнто, тешко лешник дека ќе прегриза