@Bubamaricka Јас баш вчера дадов свежа 7м е мојата. За тоа дека пецкала свежа искрено прв пат слушам, ама па без проблем си ја изеде, и се допадна баш, а не е нешто по благите кашички, ниту пак по јадењето воопшто. Исто и јас имам во двор кај моите и не би ја варела.
Едно прашање. Мисиркини медаљони е исто што и мисиркин стек, може да купам на перутнина птуј медаљони или стек мисиркин да барам, или исто е?
Bidejki sakam za rucek da go dadam so zelencuk, moze so voda da se napravi taka? Za instant orizot mi e muabetot l.
Да, да може. Скоро секогаш го правев со вода. Само не прави цела доза како што пишува на кутијата, направи помалку.
Инстант на Холе. Ставам во мала тегличка 4м лажички ориз и додавам вода на 50° додека не добијам текстура каква што сакам, потоа додавам зеленчук и месо сега веќе.
Здраво на сите. Син ми има 1 година. Сеуште немам воведено јаткасти плодови, урми, леб, грав, аронија, брусница, макарони. Ме интересира од каде ги набавувате овие намирници и како ги приготвувате? Исто ме интересира каква сол за почеток давате? Фала.
Јаткасти земам несолени и ги мелам или путер од јатки без додаден сол и шеќери. Урми свежи или суви, но без додаден шеќер или конзерванси. Леб најчесто давам интегрален, тој што го користиме и ние. Макарони истите што ги користиме. Грав правам како за нас, со тоа што варам без сол, па вадам количина за него и нашето го посолувам. Аронија свежа имав замрзнато, кога го потрошив тоа користам од маркет замрзната.
Јаткасти воведувам преку путери. Сите намирници, што ги јаде ќерка ми, се истите што ги јадеме ние и ги купувам дел од Тинекс, дел од Веро, дел од Кам. Сол сега почнав минимално, хималајска, таква користиме и ние. За една недела ќе е година.
Мајки не знаев кај да го поставам прашањето, па тука да си ја пишам маката Дома си има најнормален распоред со оброците како сите, ужинки нема секој ден, зависи од денот. 11 месеци е за некој ден и АД пие само сабајле и навечер (некогаш го прескокнува). Ме буни работава за во градинка, во државава кај што живееме имаат различен распоред од кај нас и кога го праќам во градинка се си мислам изгладнет е. Пред да оди кога ќе стане пие 200мл. АД, таму во 09:30 јадат овошје, во 11:30-12:00 јаде парче леб со некој намаз и потоа околу 15:00 имаат ужинка, најчесто е една бисквита бебешка плус чај, во 17:30 го зимам и е скроз гладен па одма му давам зеленчукова каша готова. Ние вечераме околу 18:30 и до тогаш нема шанси да чека, а сакам да јадеме заедно. Да не му е на подрек ама си јаде убаво и го мислам цело време. Сакав да предложам да му праќам од дома барем побогата ужинка ама си викам да не се правам јас најпаметна или да му праќам АД да пие за време на ужинката, да му држи ситост па да можеме заедно да вечераме.
Како бе така цел ден на овошје и бисквита ги држат децата? Ич да не се уструќаваш да си прашаш да праќаш јадење за детето, ја не би ѝм ќутела па кај сака нека се наоѓа градинката и кои сака нека се, подлажано со бисквита не би го оставила.
Таков и е редот, не само во оваа градинка туку општо. Главниот оброк им е навечер, наместо кај нас ручек. Поголемите деца имаат само 2 парчиња леб наместо едно на помалите До сега одеше по 2 дена само и си викав ај не е единствен на таа возраст таму сите така јадат, ми беше срам да не помислат дека сум забегана малце искрено Ама наскоро почнува со одење по цела недела и морам да превземам нешто. Со овој распоред не знам ни што да му праќам од дома, изгледа пак овошје ќе треба нешто, наместо бисквитата
Пробав да најдам на search...И пак не можев да се снајдам, само повеќе се збркав... Од листата што ја имаме за воведување вкусови, дадов се од овошје и зеленчук што е од 4 до 6 месеци и ми остана ориз, просо и палента. Ве молам да ми напишете за овие три работи од каде земате, дали ги воведувате исто како овошјето и зеленчукот по три дена и колку пати неделно потоа се даваат? Имаме само доручек воведено и ќе полниме 6 месеци за недела дена.
Ориз инстант на Холе, палента земав од дм ама многу е крупна па сменив на дивела, просо од сам старт на бако од стокомак давам, такво и ние јадеме, лупено да е треба. Оризот го правам 4м лажички и додавам вода на 50°, просото го киснам одвечер 1л просо, утре го варам во друга вода 20мин, палентата 3м лажици во околу 100мл вода го варам. Давав по 2 дена на почеток наутро заедно со веќе воведено овошје. Веќе имам воведено 7,8 житарки и секој ден давам различна.