Мама извини што ќе се вмешам ама да ти кажам и без термометар се може Јас во филџан ставам топла вода до пола и потоа ставам две лажици од оризот и мешаш ако е ретко додаваш уште од оризот инаку температура на вода никогаш не мерам а често ставам и од водат во која се варел зеленчукот Инаку ориз пченка просо овес и др ги правам погусти затоа што овошјето и зеленчукот пуштаат вода при блиндирање
Барем некој сутлијаш или пудинг за со бисквитата мајка, не знам стварно Како може главен оброк навечер пред спиење не ми е јасно, мене ми е тешко после ручек, а не па на бебе ако се налапа месо пред ноќно спиење
Од оддамна ми е, мм го има нарачано преку нет, ама не знам точно од која страна. Инаку да како што ти кажаа не мора да се мери, но гледај густината да си ја правиш по твој терк не по упатство од кутиите.
Мајки сакам да дадам мисиркино, но кај нас не најдов мисиркини гради свежи, има само медаљони свежи и замрзнати гради, да купам медаљони?
Здраво мамички ние сме веќе 6+ си јадиме и овошни и зеленчукови кашички од житарки ориз и палента воведено, цица ме наутро и во текот на ноќта ако се разбуди а преку ден има два оброка(кај 11 овошна 18 зеленчукова) и пие АД дали да воведвам бисквити и смокчиња и ако може некоја листа што воведување ... Убава ноќ мамички
Немаш потреба од смокички и бисвитички , поготово Не на 6м. Има два оброка , доволно му е. Нека си ужина цице или Ад
Јас само медаљони и давам од почеток, гради не најдов свежи. Давај, исечи го само мрсничкото ако има.
Дур сте кај мисиркиново. Има копани од мисирка ? Нели копанчињата се поубави од белото месо ради железото? Ако нема, подобро ли е пилешки копан, или мисиркини гради?
Јас давам петле. Ставам по малку и од копанчето и од белото месо. Мисиркино дадов два пати само од тегла. Страв ми е да купам свежо, a не сум ни видела кај нас. Ти на Перутнина гледаше ?!
Немам домашно, тоа секако е најдобра опција. Да, натур премиум пилешко земам. Мисиркино не ми текнало да погледнам од кои има.
Има и копани, но не сум ги користела. Имаш и од Виндија и од Перутнина. За пилешко се препорачува до една година домашно ако имаш.
Едно глупо прашање Може ли да се дава само петле, во смисол кокошка да Не давам до годинката пример. Или треба да се дава и тоа и тоа . Или па исто е . Кој знае каква глупост имам треснато , ама шо ме е гајле . Наши сме си тука
Хахаха ваљда исто е. Не мораш да бараш кокошки. Мислам дека има некоја врска со хранењето со хормони што им даваат на кокошките.