Овие. Ги киснам 15 минути во малку вода и после мешам со овошје. Или можеш да ги вариш со вода околу 5-10 минути да омекнат.
Да тие се Ставам 2-3 лажици во џезве со малку вода и ги варам 1-2 минути Да превријат и после ги оставам да се оладат и блиндирам со свежо овошје Супер се за доручек и бебе ги сака многу
Мајки кога почнавте со вкусови? Син ми е 4 месеци, живеам во Америка, тука после 6 месеци е препорака да се дава храна, мене ми се чини дека е доцна. Мислам дека треба со baby cereal, оризово брашно или овесно да почнам, па за некоја недела со овошки. Мислење ве молам. Што кажуваат педијатрите во Македонија? Исто и за вода. Никако до 6,7 месеци, ни чајче. Чудно..
Од 6 месеци се почнува. До 6 месеци бебињата се хранат само со млеко, после 6 месеци основна храна им е сеуште млеко до година, но, се воведува и цврста храна. Пред 6 месеци нема никаков бенефит од неа, а може и да им оптовари меше, бубрези и сл. Од кога ќе се почне со цврста храна се дава и вода. Чаеви и сокови не се препорачуваат, имаат шеќери, после година и тоа природни сокови. Ако е зорт разреден, чај, сок со вода ако мора да хидрира бебето, после 6 месеци. Ако е само за пиење тогаш вода, и млекото тоа им е уште бр 1. Кравјо не, ад или мајчино. Има многу табели со што и како да се почне што ги даваат кај нас, до кои не мора строго да се придржува. Треба да се пази на количина да не се претера со некоја јака состојка и да има убав нутритивен баланс. Може да се почне со малку житарка и овошје. Педијатрите кај нас ќе кажат и од 4 месеци да се почне и тоа не значи дека е исправно. Ако нема здравствена причина не се почнува пред 6 месеци.
https://www.facebook.com/bavcika/ Мајки, еве може ќе ви се најде еден супер профил за домашна еколошка и органска храна. Женичката ја познавам лично, знам пред се колку голем поборник е за здрава храна. Еве, успеала да произведува, мислам дека и испорачуваат.
Ориз, просо, палента кога воведувате, дали еден ден го давате без овошје и зеленчук како поединечен вкус или цело време го давате со веќе даден вкус?
Мајки да ве прашам дали знаете по месариве кога носат тазе телешко мевце, време ни е да почнеме па незнам од каде да земам и кој ден, ви благодарам