Цели. Измиени , исушени од водата на лист хартија и на табака ги ставив у обичен фриж да стојат 15тина мин. После сите во едно ќесе и право во длабокото. Јас од вака замрзнати смокви и слатко правам. Само за замрзнување берам смокви кои не се испукани т.е презреани
Заборавам дека вие уште давате каши. Ова моето нејќе ни да ги помириса. Кажи му само сѐ што има форма на леб. Ама ваљда можам во мафини да ги ставам.
Можеш во мафини, да. Ама можеш и на коцки да ја замрзнеш. па после компотче да му свариш па ако сака така да ја јаде
Мали сте за свежо овошје. Свежо може после осмиот месец и тоа само ако е домашно или органско. До тогаш само печено, варено или готвено на пареа. Зеленчукот свеж може после година.
Мамички дали може да дадам несолен путер на 6++ Да ставам малце во каша со компир морков и тиквичка како за проба од млечни производи И уште нешто Дали може баланс јогурт за првпат да му дадам или некој друг јогурт треба??? или да дадам прво кисело млеко?? Како воведовте вие млечни производи???
Барем до 7 да почекаш за јогурт и путер , т.е за млечни. Некако многу е рано на 6м, ама ти си знаеш. Млечни почнав на 7+ Досега имам дадено само моцарела и грчки јогурт Деновиве путер ќе дадам . 7+++
Мајќи ај помош со амарантов. Колку гр од прилика да ставам да се вари ? Два - три пати правам веќе, ставам по 2 лаж и многу малку ми излегува. Ова чудо не прима вода , не бабри.. Од коа ќе се свари станува темно и кашасто, и дали пола лајче има да апнеш . Колку да ставам за 7 ипол месечно бебе? Или па кажете ми кесичкава на колку пати да ја поделам Ваков имам. 125 гр тежи цело пакетче
Леле исто. Читав да кисне одвечер и 45мин да го варам, и пак не набабрува, само станува како каша, јас ставив 2големи лаж последен пат и цело тоа го бапнав во кашата сосе овошје. Дека досега не сме јаделе амарант чудно ми изгледа ама па го бендиса овој малиот.
Јас ставам третина од филџан и го варам на тихо 30-40 минути и ми излегува многу Набабрува и станува како пудинг густо Има за двапати да дадеш на бебе
Браво мори Еме. Сеа го пробав жив , абе лушпи е воа Фалааа. И сеа како? Во жешка вода да го ставам и од после да згмечам банана пример , или без вода , директно во овошјето ?
Алал да ти е шо ме оправи. Го избегавам да го давам оти треба уште у 6ч да почнам доручек да правам. Се осеќам ко Америка да ја открив Среќна среќна
Ти веројатно некој друг користиш . Еве нашиот да ти бил експандиран @Emy867 а кој е подобар да се користи за бебе, овој или па некој кој треба да си го вариш ?! Ти каков даваш?
Бубче, ме замисли сега, што е тоа дека некои мора да се балансираат а некои свежи се замрзнуваат? Наземав денес нешто овошки, планирам на парченца излупени и во кесички, само немам претстава по колку да ставам од оброк? Ние сме тек сега 1м, што значи некаде декември - јануари би почнале со вкусови
Во хрватската група по која се водам јас, велат дека секоја житарка било подобро цело зрно, значи не експандиран. И јас имам ваков, и онака не го давам често. Еднаш неделно, зошто може да предизвика течна столица. Затоа не е убаво од оние инстант кашите ориз, овесни и сл. Ориз во зрно, овесни ко ние што јадеме...
Грешка сум пишала. На бланширање мислев Бланширам : карфиол , брокула , пашканат, целер . Бланширав и црни сливи , дел и како свежи ги замрзнав. Останатото свежо. Ако ми текне нешто друго за бланширање ќе допишам. Овие свеживе кога ќе ги исецкаш на парченца и ќе ги исушиш убаво на хартија , па ќе ги ставиш во обичен фриж 15тина мин тогаш можеш во една ќеса да ги замрзнеш па ќе си вадиш по потреба . Вака замрзнати лесно се двојат. Само мора скроз суви да ги замрзнеш Не можам да ти кажам коцките колкави да бидат оти не знам кашата за бебе со колку Вида овошје ќе ја правиш. Рачунај за оброк ти треба се вкупно Не појќе од 100 гр овошје