Толку го давам и јас , на 8 дена еднаш. Ај , Ќе бараме од цело зрно веќе , знам за инстант кашите дека Не се препорачуваат. Јас мислев ова за варење е , како просото , киноата што ја имам. Па и оти во ќесе спакуван , не ни зирнав на декларацијата . Вари вари , Не се вари пустото
Па ни јас не видов декларација (а и да видев ќе немав поима). Тогаш не ми беше се дочитано баш, а отидов житарки се награбав од дм како крај на светот да е, 2 месеци пред детето да почне да јаде Не му се секирам на амарантот, ќе го давам таков понекогаш. @Rubiii еве ти за замрзнување.
Се од овошје лупам. Само нектарина Не. Ама нашата е со мноооогууу тенка лушпа и буквално ниту еднаш не е прскана. И другите овошки не ни се прскани ама сепак ги лупам
А што се мачите со амарантот. Јас еднаш напраив и таков чуден излезе. Јас се изнервирав, бебе не јадеше и толку, го фрлив, неќум да го видам веќе. Има еден куп други убави житарки, нормални за спремање и вкусни за јадење .
Баш сега му дадов , така неварен му го ставив во овошјето. Плааачкии за уште бре бре . Со солзи. Во последно време не плаче нешто за појќе од 150гр оброк , ама сабајлево одвај го залажав со уште лажичка две чиста банана. @Emy867 уште едно прашање. Колку супени лажици ставаш од амарантот? Ставив пола банана, четвртина авокадо и по 2-3 малини и капини, и 2 лаж амарант. Немаше 150 гр оваа каша. Да не треба појќе од амарантот да се става ?
Валда на 1/3 од волумен на кашата мислиш . Затоа те прашав колку лажици ти ставаш , немав поима колку е оптимално. Оти 1/3 од кашата е 50 гр нели , а тое е скоро пола ќесичка амарант да ставам . Ама во ред е изгледа 2 СЛ, гледам дури 3 ипол часа го држеше денес доручекот
Заборавив јас дека ти не мериш во гр, ами само во мало тегле полниш. Ќе ја баталам и јас вагата изгледа. Ногу главоболки ми создава
Мојата си е во висач крената Битно пред да почнеме со дохрана на глава му се качив на маж за да стави батерии, ја изгланцав, ја кренав и таму остана
И јас вага не сум употребила. Никако не мерам - јаде колку му се јаде, а тоа не е баш многу а краставичка кога може? И како?