@Knizhevnik11 мама како го вареше телешкото? Да не ти е било многу на крупно? Јас на ситни коцки/ленти го сечам, па така го варам. За 45 мин до саат е готово.
500г на 10 мали парченца, значи по 50г, исечено. Дека не сум варела претходно цело време ми стоеше недоварено.
Додека е уште замрзнато тие 50грама ги мијам со жешка вода и на даска го сечам најситно што можам(како оние мевцана што се за пита па и поситно) додека е замрзнато лесно се сече. Сварено е за пола саат
За телешкото, сега не знам, ама пред неколку години земавме од Тинекс, пресно baby beef, значи не беше воопшто тегаво, брзо се вареше и беше ровко мевце. Не знам дали има сеуште.
Ние имаме на тефал, има функции за готвење под притисок (како експрес лонец), варење, печење, пржење, готвење на пареа, бавно динстање, програми за супа, ориз, пригревање и уште нешто. Ние во него сѐ готвиме и вреди секој денар шо го вложивме. Исто има опција за одложен старт, за да може да готви кога не си дома. ******************** На која апликација/веб страна гледате како се замрзнува или воопшто складира свежо овошје/зеленчук? Или конкретно за домат ме интересира, а да не е доматно пире, сакам парчиња да имам за на зима.
Има уште во Тинекс Баш вчера ми донесоа Го исечкав на по 50 гр и за час и половина беше сварено и премеко
За бебево, на мала беба велики гурман има во хајлајтс фриз фактс. Баба ми цели ги мрзнеше . Ама за свеж да се јаде на ништо нема да личи многу вода има ќе смекне.
Некаде многу оддамна имам читано рецепт со сечени домати на крукчиња, редени во тегла со босилек ми се чини, ич не се сеќавам, дали се вареше, печеше, како беше... Инаку замрзнати само за готвење, ако се одмрзнат на ништо нема да личат.
Свекрва ми ги дроби на парченца става магдонос мислам и пиперка во тегли и ги вари да се вакумираат. Ко некоја салца му доаѓа. Конзерванс не става, за сол не сум сигурна. Такви уствари салати јадеме на зима. Ќе прашам за рецептот.
Зависи за колкаво бебе. -6м цејлонски цимет два пати неделно, кромид како зачин -10м лук, магдонос, ловоров лист, целер, -12м какао, рогач, куркума, ѓумбир, нане -18м бибер, оригано, црвена пипер Сите зачини по многу, многу минимално.
Ние вака ги припремаме: ги запекуваме малце на шпорет ( баш кратко 2,3 минути ) цели домати и после ги лупиме ги редиме во тегла малце ќе си го притиснеш да собере повеќе и после теглата се вакумираат. Отвараш и имаш готов оброк. Исто можеш и да ги суши под сенка. Ги сечеш на тенко и се сушат под сенка покриени со некое перденце. Кога се убаво суви собери си ги во тегли. Е овие сушениве се за во манџичка мора да се обработат термички за разлика од овие во тегла кои ти се спремни веднаш за конзумирање.
Повторно заглавив, да не сте вие не знам што ќе правам. Сега сме 6+ и последно воведовме ориз, палента и просо. Од утре сакам да воведувам три дена слива, е сега не знам дали мора да имам основа на кашата секојдневно од овие три работи или може кашата да биде само овошна?
не мораш толку да мислиш, може и само овошна, може и со житарка, може и со друго воведено овошје и не мора три дена да воведуваш слива, јас на почетокот се давав по еден ден
Ако даваш оброк кој ти менува еден подој/ад тогаш треба да има некоја житарица за да го држи сито х саати, во спротивно давај и само овошје. Не можеш пример да му дадеш слива и јаболко и да очекуваш дека му е доволно енергија за следните 3-4 саати.