А како го приготвуваш? И со што најчесто даваш? Ќерка ми не сака овошје и не знам житарките како да ги давам
Од Кам, ситниот и го давам уште од кога почнав да и давам. Ако имаш млечни воведено можеш со јогурт. Со банана убаво оди.
Пишува дека се со глутен, но тука на форумов ми рекоа дека не се со глутен. Ги дадов 7м, ама одма потоа дадов и гриз(со глутен).
Има и на имуно ми е убав, а и био космос, двата органски демек... Јас го варам да стане кашест. Житарки може и со зеленчук, просо, хељда, палента. И јас дадов на 6 негде. Се дава, ама има честа интолеранција, па го одбегнуваат/одложуваат.
Ние сме 7м дали е рано да вметнам трет оброк? Гледам во листите за воведување пишува јогурт и павлака можи од 7 но нели и тие се на база на кравјо млеко а не се препорачува истото до година, дали да дадам? Ако сте вметнале кравјо млеко како почнавте ...
трет оброк воведов на 8 месеци, јогурт, павлака, кисело, урда после 7 дадов, а деновиве планирам да и воведам и кравјо 8++ е мојата едит: ја планирам да и воведам затоа што ќе тргне во градинка, а таму им даваат оброци со кравјо, а иначе се препорачува до година да не се дава
Зависи кога сте почнале со дохрана, но сепак мислам дека е рано. Барем 8 месеци за трет оброк. Може да даваш продукти од млечни производи, јогурт, кисело млеко, несолен путер, несолено сирење... обично млеко не.
Рано е за трет оброк, и јас после 8 мес воведов. Можеш да даваш кисело млеко, павлака, јогурт. Моето скоро секој ден си пивнува по малку јогурт. Тетрапак уште не сум му дала, годинка ќе полни. Во градинка ќе оставам да му воведат.
Можеш комбинации: палента со јогурт/кисело млеко, овес со јогурт + овошје, ориз + спанаќ + кисело млеко, во зеленчукови каши можеш путер
Мајки, јас полека си се спремам, па кажете ми од каде и на која фирма земате ориз и житарки за бебињата. Мислам на почеток се даваше ориз, овесни, просо, палента, еве прочитав и за амарант.
Ориз и овес зедов инстан на Холе, многу лесно се припремаат, само топла вода. Просо на бако, такво и ние јадеме, палента прво од дм зедов ама многу крупна, ја повраќаше па на дивела ни се погоди. Амарант од зегин, органски, киноа на бако. Спелта на Холе исто. И потоа гриз оној плавиот ама до глутен, откако ќе решиш да воведеш
А производи на Холе има секаде? Побарав во Зегин малечка кашичка само од јаболко, немаа, не знам дали во моментот или воопшто немаат.