Во тегли се дроби патлиџан како за салата(од водата од патлиџаните се пополнува теглата со течност), магдонос и пиперка по желба (сигурно може и босилек) и сол, ваљда може и без сол, не знам дали тоа игра улога во вакумирањето. И во големо тенџере со вода се редат теглите затворени, да зоврие колку да се вакумираат не да се варат. Ќе пробам јас без сол вака да направам зимница. Еднаш имам пробано да вакумирам сок од праска блендирана, без никаков додаток, ја упропастив, не ме бива за зимници т.е. за вакумирање. Затоа си барам фрижидер со голем замрзнувач, што е сигурно сигурно е.
Најубаво е да се почне со бела риба. Пастрмка, ослич затоа што најубаво се чистат од коски. Варена пастрмка синко јадеше во изобилие, ја обожаваше,во секаква комбинација. Лосос немав дадено, ама и ние дома слабо го јадеме,многу ни е посна. Еден апдејт да си дадам. Денес јаболко прв пат, изеде неколку лажички, солидно за почеток.
Веќе давам ослиќ, во план ми е пастрмка за скоро, па ајде ќе го одложам лососот за понатаму. Јас сум рибар, се давам во риба, оти бе лососот посен, масна риба е.
Штом веќе си дала ослич можеш и лосос. И мене ми е мрсна риба и плус скоро и да нема коски тој што го земаме па ми е лесен за чистење.
Може така сум го зготвила. Ние дома сите сме рибари,гурмани, се познава и на нас ама, машкава страна повеќе ми е за крап, пастрмка..
Дадов пудинк на Лино па дали да сметам дека сум вовела кравјо или треба да дадам чисто млеко? И со што воведовте белка? Може ли со домашни јуфки?
До сега свежи. Не сум имала потреба да вакумирам/пастеризирам. За ситуации кога требало да носам надвор за шетање, готова давам.
Не знам дали прочитавте.Сокот од јаболка од Хип се повлекува од нашиот пазар.Пронајдено е присуство на страно тело.Немојте да го давате на бебињата ако го имате дома.
Идам во Тинекс прееска и го гледам сокчето на рафтови со попуст. Ги викам продавачките пошто тука маалски нели се знаеме и им кажувам. Они неееееее си има рок. Им отворив да прочитаат. Абе не е рокот проблем викам во тие што се со рок 30.10.2023 најдено е присуство на туѓо тело. Едната ми вика па ние не сме добиле известување. И си стојат и пак се вратив им реков ќе се најде некоја побудала од мене и ќе ве пријави. Па земаа демек го собраа.
Мајки кажете некоја комбинација за батат, утре планирам да го пробаме исто колку време му е потребно да се зготви?
Многу брзо се готви, јас на пареа го правам со зеленчуци, пример он ми е скробот плус додавам уште 3 зеленчуци. Батат, тиквичка, пиперка и кромид
Зависи што имате воведено, оди скоро со се, тиквичка, брокула, карфиол, цвекло, киноа. Исечи го на кругови пола сантим, одма ќе се свари, не е како компир.
Мами,бебе е 4++ на ад.Педијатарот ни рече да почниме со пробување на вкусови па после да го воведам како оброк. Сабајлево му дадов јаболко 3лајчина од кои 2исплукани,ама ова му го дадов измеѓу оброк Со ќере супер се снајдував ама сега како ова прв пат да ми е..Како правите?3дена една намирница,па наредни 3 друга пак и пак само по неколку лајчиња и по колку време заменувате оброк?
Мами, сакам да направам каша за ручек ама бидејќи нема да бидеме дома за ручек, можам да ја ставам свежа и топла во тегличе па после да ја давам? Нема да и биде ништо ваљда?