По новите препораки не треба три дена да се дава нова намирница, може и секој ден. Секако пробуваат по неколку лажички. И јас почнувам, по два дена давам иста, чисто ради да му се навикнат цревцата. Јаболко, банана, круша и денес малку морковче проба. Од бананата беше воодушевен.
Меѓу оброците му даваш?Така му дадов јас,се мислам и на поголемово така му давав.Педијатаров ми рече ко ќе заменам млечен оброк да му давам 60гр каша е сега не прашав од кога тоа,како ти е препорачано тебе?
Почнав неколку дена, нема оброк, по неколку лажички пробува ама не одбива, што за мене е некој резултат. Вака, станува 6- 6.30 си гуга си пее и по пола саат, саат цица. Пптоа си дремнува еден час,се буди некаде накај 8 - 8 ипол, па му давам домашно подготвена каша,му немам дадено готова купена. Јаде колку сака, на пр вчера со бананата сакаше, ама го прекинав од причини што не знаев како ќе му влијае на мешето. Супер беше, фала богу. Потоа нудам вода, но еве два три дена по ред, веднаш бара да цица и цица. После си го продолжуваме вообичаено остатокот од денот со цицање. Значи, давам само еднаш наутро, не повеќе, од причини што се му е ново, се навикнуваа црева, меше па не е убаво да се преоптеретува
На вести кажаа,а и на портали пишуваше.Да се повлечат и тој што има дома да ги врати,до некој одреден рок беа
Како воведувате кравјо млеко? Количински колку? Сакам да пробам во кашичка како ќе реагира. За пиење и давам ад 3ка.
Јас неколку дена и давав 50:50. После и дадов малку да се напие чисто, видов нема реакција и од тогаш и ги правам кашичките со кравјо
Јас и' воведов во каша, во полномасно млеко околу 30 мл, додадов уште толку вода, и направив гриз. Кога воведовте свинско? И печурки?
За печурки знам дека се последно нешто што се воведува и тоа по 3 години. Не поради алергија, иако е можна нормално, но најмногу поради тоа што содржи хитин за кој малите деца немаат ензими за да го преработат. Значи не дека ќе има реакција ако изеде печурки, па ќе каже некој јадеше па еве ништо не му е. Дури сум читала и дека по 5 години е најдобро. Јас на 3 и пол некаде почнав да давам. Ама не ги јади често. Свинско 12+
Гриз и направив со кравјо млеко, 50:50. Немаше реакција никаква. Сега пие шише млеко 70:30 пред спиење.
Шише засака ама АД никако . Битолско со витамини и давам, прво почна со 100мл ама еве како проаѓа време по 220мл ги пие без проблем. Се надевам млекцево ќе ја здебели малку