Може да пишува така ако дошло до контаминација со други житарки при обработката. Ако е деклариран како gluten free тоа е за тие што мораат да избегнуваат глутен, што имаат целијакија.
Сите млечни. Калциумот се врзува на рецепторите од железото, затоа е подобро разделено да ги даваш. А нема штета да се даваат заедно.
Majki, da mi preporacate AD za vo kasi? Malata e 7 meseci, na doenje e, na pocetokot epten malku samo AD koristevme. Ima li nekoe vo pomalo pakuvanje?
Немам толку време за да ја пребарам темата, а знам дека сигурно е зборувано, но јас повторно ќе прашам. Како воведувате месо и млечни производи? Дали како овошјето и зеленчукот или има некоја посебна шема, на пример како за јајцето?
Изгледа несакајќи му воведов цело јајце на синко преку бисквити Божем ја читав декларацијата и пак не сум прочитала дека пише 'пастеризирани јајца'. А на свеки ќе ѝ се степав за мед дека има у други бисквити што она сакаше да му даде Се рачуна како воведено јајцето вака или да си го воведувам стандардно, жолчка па белка понатака?
Не сум приметила дека има јајца внатре ма да јаде све што содржат јајца а не сум вовела претходно белка така да без секирации сега му давам по малку белка , еве утре ќе му направам кајгана
Абе детево ги лапа бисквитиве сигурно месец дена без реакција, тек сабајле ги загледав јајцата во состав За жолчката не му се секирам, а за белката ипак прво ќе го намачкам на рака да видам како ќе реагира. Ама не му се брзам, само да прашав дали така летечи му воведов јајца
Не знам не сум баш сигурна дека се рачуна воведено вака јајце. Печено јајце и пржено и варено пример не е исто. На чисто јајце може да реагира, а на пециво испечено со јајце не мора. Имавме реакција на чисто јајце па читав и ни рекоа во нешто да сме го дале. Сега па ми отвори работа да барам рецепти за бебешки бисквити со јајце. Сабајле ми ги фрли мафините, ај може ќе сака бисквити.
Оф немам точен, ставам состојки додека не ја погодам густината на смесата. Обично почнувам со една банана, едно јајце, еден cup мелен овес и малку вода. По потреба додавам уште вода или овес. Пржам на нелеплива тава.
Ги правам без јајце, такви ги обожава . Следно е тоа ако не ми успеат печениве, тие се во втора група .