Откога наполни 5м, симни си ја бебе готвач апл се ќе ти се разјасни околу табелите за дохрана и има и многу рецепти
Мене не ми е јасно воведувањето на намирници. Пример по бебе готвач овес, телешко, пилешко е 8+, јас и давам овесна каша од бебилов 6+ е и ја приготвувам со вода и/или ад/мајчино, исто и оризот од хипп. Кашите со телешко и пилешко се 5+ и си јаде бебе и од нив. Доматот го пишува 10+, а каша со тестенини и домати е за 5+ и бебе јаде по пола тегла и повеќе. Сега тие намирници од готовите каши да ги сметам за воведени или како Дома кога ќе правам сè да давам или са се водам по табели иако вака ми нема логика
Ако веќе јадело намирница што ја има во готова каша нема да ја воведуваш по табела. Инаку повеќето мислам дека се водат по овие насоки. Мене ми се само орентационо, многу од вкусовите ги воведов порано ако им е сега сезона или некои подоцна од препорачаното. Новите насоки се и алергените да се даваат порано, т.е дека од старт може се да се дава освен мед, шеќер, сол.. тоа после година.
Иначе да не те бунат бројките на кашите, тоа 5+ не е за намирниците туку за текстурата на кашите…во 8+ или 12+ може да има парченца а 5+ се скроз мазни
Од каде купувате чист путер од кикирики и лешници? Дали такви работи даваат по градинките? планирам за брзо да го пратам ама сме со историја на реакции плус атопичен дерматит и вакви алергени уште немам дадено а 19 месеци сме @IRBBB @kostovaivana мамички ве имам читано дека давате путер од кикиритки? Од која фирма и каде да најдам?
Од каде информацијата дека треба 120мл вода Макс? Леле мојата е 9++ пие по 400мл не можам шишето од раце да и го земам
Прво купував од crux и лешник и кикирики, сега само лешник од него, а кикирики мешам, и од кам му имам дадено.
Не даваат ни нешто со кикири, а пак со лешници нема шанси (скапи се ). Евентуално во менито над 2 години може да има во ужината, ама ете мојата е 5 години и до сега немало. Ама сепак твоето е големко и можеш да воведиш веќе. Јас и двете ги земам од дм.
Да да лешници се луксуз дефинитивно ми е страв некој смоки со кикиритки да не му даде иначе знам дека не му даваат да грицка сигурно Нешто совет, друго специфично да му е воведено пред да тргне? Пример моево сеуште ми дава реакција на какао, а знам во градинка даваат чоколино, нзн дали да пробам дома да дадам пак или да се маткам со потврди од доктор дека не смее
Општо мислев, до сега немало во ништо лешници. Ако има изразена реакција на какао подобро извади потврда, ако не е изразена пробај да дадеш пак, месец за месец има разлика кај алергиите. Најдобро следи ги мениата во градинката во која ќе оди зошто има разлика секаде. Еве пример кога мојата имаше 1 година имаа за ужина торта со бисквити и хопла пасирана , мед со овошје, попара со мед и млеко, чај со лимон и мед секој ден, пудинзи, овошни јогурти.
Нема мени на страната иначе ќе си се подготвев…ќе морам изгледа до таму да одам да видам дали ќе ми го дадат…Фала на одговорот
Zdravo koga dadovte zolcka kako ja podgotvuvate i so sto odi vo kombinacija i koga ke dadam ednas potoa koga mozam da dadam pak dali vasite bebenca na 7 meseci imaat dva obroka nie imame eden a pocnavme so vkusovi na 5 meseci
Здраво ние сме 6++ сакам да воведам боранија па како ја комбинирате баш немам идеја и како успевате да ги натерате бебушките да пијат вода мојава ич не сака да пие пробав и чај и сокче ништо нејќе, едино со чашка некако пробувам и повеќе си игра плука него што пие
Боранија оди со ориз,морков,пиперка... Место ориз можеш компир. Јас ставам и домат и лукче ама подоцна почнав со домат од кај 8месеци. Вода на почеток давав од ракијена чаша после од кај 7месеци почна да пие од чаша со силиконско чевче. Мајки кога воведувавте белка дававте и од жолчката или стриктно само белка?
Пак јас со моите прашања... На 4 ипол почнавме вкусови, на 6 со прв оброк, на 7 сакам да почнам со втор оброк... Сега колку што знам доручек е житарка и овошје, а ручек е зеленчук... Прашањето ми е дали месото да го воведувам во доручек, па потоа да го давам за ручек кога веќе ќе биде воведено, или директно да го воведувам со вториот оброк? Млечни производи кога ќе се воведат кога ги давате, за доручек или за ручек? Нов зеленчук да воведувам директно на ручек? Ве бомбардирав со прашања...се извинувам...
Јас би почнала месец ипол до два од воведен прв оброк, со втор. Ако си е ок бебе. Житарка можеш да имаш и во 3те оброци, само не мешам скроб од житарка и од зеленчук во 1 оброк или тоа или тоа ставам. Нови намирници може и за ручек само да не е многу касно оброкот. Прв оброк давам околу 8ч, а втор оброк до кај 13ч.
Морковче, пченкарно брашно, палента, јогурт, јајце и малку пециво. Сѐ отприлика ставам, не мерам точно. Ми излегува колку за двајцата да се најадеме. Пред некој ден пробав и со тиквичка, ама не му се допадна ни него, ни мене.