Како воведувате нов вкус, кога веќе имате доручек?За поголемиот му давав по некое лажиче половина час пред оброкот наутро. Е сега го немам тоа време наутро. Дали може пример да си појадува, а новиот вкус да му го дадам околу пладне?
Како го комбинирате телешкото? Денес втор ден треба да го готвам, првиот пат го зготвив како компир манџа (мевце, компир, кромидче и лукче), ама сега ич не знам како да го искомбинирам. Тешки ми се јадењава со месо дека ја не ги јадам, па некако потешко ми иде логиката за комбинирање.
Во било која зеленчукова каша можиш да додадеш телешко. Јас кога готвам за нас само во леќа и грав не додавам месо. Кога готвам ориз или компир освен морков додавам и спанаќ, блитва, брокула или тиквица. Исто така можиш со боранија или грашак.
@brm_brm Да пишам тука за да не бидам ептен оф топик во Мајчински. Еве неколку рецепти кои секако можиш да ги модифицираш и не мораш да се држиш баш до состојките и количините. За мафините немам конкретен рецепт затоа што што и да ставиш помалку или повеќе секогаш убаво испаѓаат. Се заедно ставам во блендер. Сум пробала без урми посуви излегуваат. Спојлер: Рецепти МАФИНИ ○2-3 јајца ○овесни снегулки 4-5 големи лажици (јас ги мелам во најобична мелница за кафе ја купив за оваа намена и за да мелам ленено семе) ○ кокосово масло 2-3 лажици ○ урми 8 (цели свежи неварени и нелупени) ○ пола прашак за пециво ○ какао една мала лажица ○ малку цимет, ѓумбир по желба за шмек СОЛЕНИ исто само наместо кокосово-путер и наместо урми, какао-урда, јогурт КОЛАЧИ Бисквити ○125гр путер ○ 3лажици мед или сируп од урми ○ 1 јајце ○ 225 гр брашно или овесни снегулки (15-17 полни лажици) ○ 2-3 лажици какао ○ малку цимет и ѓумбир по желба ○ за помеки можи и прашак за пециво Се меси тесто висина 3см и се печи на 180°С СОЛЕНИ ПОГАЧИ ○ 8 лажици брашно или овесни ○ пола прашак за пециво ○ 2-3 јајца ○ путер ○ урда Смесата треба да биди густо-течна. Се истура со лажица на плех со хартија за печење.
Јас направив едни проја мафини за нигде излегоа, па планирам овој да го пробам. Изматени 3 јајца со 3 чаши јогурт, 2 дл маслиново, 1 прашок за пециво (јас до сега све со сода правам), 2 шољи пченкарно брашно и 1 шоља пченично брашно. Се полева во тава обложена со мрсна хартија за печење, на 190 околу 35 мин. Ако даваш сусам може и сусам да ставиш. И од овој можеш мафини само 1/3 од дозава пример.
Многу е ова маслиново. Јас никакво масло не ставам ни во мафини, ни во палачинки, ни во проја, па супер ми излегуваат.
А зошто не ставаш? Ај пушти ми рецепт за проја. Не најдов сите се вакви. Овој е од мала беба велики гурман, нутриционист е за бебиња. А и мм треба да се употребува.
Не користам мерка искрено, сѐ ставам отприлика. 1 јајце, јогурт, пченкарно брашно, палента, пециво + урда и/или морков. Не знам зошто не ставам, не ми текнало. Ама и во друга храна скоро па воопшто не користам масло, и за него и за мене.
Ај ќе го пробам и вака, да не случајно пропуштам некој рецепт. Ма да јас сигурно ќе ставам масло, ама пошто и мене во шоља многу ми личи со помалце ќе пробам. Инаку стално капнувам на зеленчукот заради здрави масти.
Јас почнав да и давам путер од кикирики и лешник уште на 6ипол месеци. После почнав да и ги воведувам и другите јатки. Фала богу немаше никаква реакција. Путер од кикирики и лешник секогаш купувам од фирма Crux. Имаат интернет страница, можеш и онлајн да нарачаш со достава до дома а на нивната страна имаат и продажни места. Производите им ги има во некои од овие продавници за здрава храна. Путерите им се само од јатки, чисти и се превкусни. На тема атопичниот, сега на 15 месеци и е веќе смирен ама цело време ја користиме козметиката на биодерма атодерм.
Фала мами на одговорот, гледам имале соработна со продавница во мојот град, конечно нешто ќе можам да купам без да порачувам онлајн...а гледам и цените им се ок... а за атопичниот и нас ни е среден, имаме само од време на време на лактите и на колената и тоа најчесто од топло ни се јавува и еднаш летово ни се појави на торзото како мали точки, третирам со блу кап кога е потребно и океј сме генерално...ама јаткиве сите ми останаа за воведување и сакав дури не е почнат во градинка барем кикирики да воведам не дека таму ќе му дадат ама да не му даде некој некогаш стоби флипс па да знам дали да сум мирна или ќе мора да внимаваме
Воведи ги секако. И мене ми се тресеше душата кога ги воведував ама еве среќа нема ништо. А у право си, најубаво воведи ги пред да тргне во градинка барем кикириките. Еве мојава пример кога одиме на лулашки а види некое дете да јаде нешто смоки или било што си оди и му вика ААААМ и и даваат шо да прават . Па да не ти се деси не дај боже нешто во таква ситуација, воведи си ги. Јас првиот ден и дадов чист путер од лажичка да лижне малце. Следниот ден намачкан на палачинки и третиот ден во палачинките ставив 2 лажици путер од кикирики и така ги воведов. Слично беше и со лешникот.
Некоја членка го имаше споделено рецептов, го пробав и преубава ми испаѓа пројата секогаш. Наместо сирење ставам крем сирење или урда и плус 4-5 брикети спанаќ.
Би дале 6% маслено млеко на едногодишно или е претерано маслено? Бидејќи нели препорачуваат со поголема масленост, се прашувам дали е ова подобро од стандардно 3,2%? Да напоменам, ставам пола млеко-пола вода во каши, уште немам дадено немешано со вода и да се напие само така.
Доматот го варите? Некако ми е премногу мек за да го варам или на пареа да го готвам... А некои рецепти за мафини или фингер фуд без јајца има? Жолчка имам воведено ама белка уште не...
Домат наводно обработен до година, сега планирам да и дадам парченца за пинцета фат па ќе и дадам домашен свеж ама малку е тоа па ми личи безбедно. Фингер фуд, мафини, палачинки, полпети, ќофтенца има многу без јајца. Обично пребарувам eggless или vegan на гоогле. Или ставам заменско јајце со чиа или мелен лен 1/3 сооднос, 15 мин да отстои. Се уходав веќе пошто не јаде јајце. Имав едни мафини споделено со јаболка и банана во мајчински.