Боранија можиш, пред грашакот се воведува на 8м. За урмите знам дека се над 12м, мислам дека е тоа поради големото количество на шеќер во нив.
Јас се водам по оваа листа, не знам колку е правилна...Овде боранијата е од 6 до 8.... Туку да прашам, млечните производи кога ги воведувате, дали внимавате да се на ист производител (јогурт, павлака, кисело млеко), или нема врска?
Урмите на мала беба велики гурман се 8+, а исто и во хрватската група за дохрана ги даваат пред година. За бебе се купуваат без додадени шеќери и конзерванси. Во оброк се ставаат една до две урми.
Пробав еднаш тиквата да ми е основа т.е без друг скроб / житарка . За саат време беше гладен Ем месо имаше у оброкот
Spored hrvatskata grupa, moze da se dava sirup od urma kako priroden zasladuvac. Jas vo stokomak najdov takov sirup bez dodadeni shekeri i konzervansi stavam 2-3 kapki vo ovosni kasi preubav e. Inaku 7 mes. sme
Не би знаела да ти кажам, ги немам користено. Јас урми купувам во ДМ (од ДМ био линијата на производи).
Каков јогурт давате на бебињата и какви житарки и од кога можат житарки да се даваат? И какви смоки и бисквити инаку сме 5+++
За јогурт ви е рано. Бисквити и смоки откако ќе воведеш соодветни житарки. Најпрво се даваат безглутенските: пченка, просо, ориз, овес.
Има свежи урми во кам и други маркети. Без шеќер ги пишува . Јас денес дадов, не знам зошто до сега не дадов.... таман жолчката да ми ја дојаде . Може урамата во г.јогурт пример и други кашички така? По колку урми може? И се слади некако, за прв пат. Ај може со урми се разјаде. П.с. мислам не е алерген така? Дека денес дадов и кикирики, ако је бал нек је маскембал. Полудев мајки, најискрено. Тој шо има дете нејадач ќе ме разбере.
Малку чуден совет за исхрана на толку мало бебе ама ок, како ти кажале прави. Јогурт можеш било кој што го користите дома. Јас давам најчесто Бучен Козјак. Смоки можеш откако ќе внесеш пченка, бидејќи повеќето се такви. Барај смоки без сол и додатоци, имаш на Лино, од дм Babylove мислам дека имаа. Според мене веќе ако даваш смоки нека биде тоа да ги фаќа со раче и да грицка, наместо потопени во јогурт. Барем ќе учи џвакање и самостојно јадење.
Јас сигурно не би и дала 1 пакетле смоки или 1л јогурт туку постепено ќе давам по малку инаку сме на доење и за 2 месеци има напреднато 825гр
Мајка не те нападнав тебе, туку педијатарот што ти предложил смоки да му дадеш на толку мало бебе. Ако сакаш да качите килажа, би ти препорачала да му воведеш просо, пченка, ориз ако немаш воведено и почесто да му ги даваш како извор на скроб, што ем заситува ем ќе помогне за здраво да си качи килажа малото. Бубче ја тагнав на твој пост пошто баш вчера зборевме за препораките што ги даваат ваквите педијатри.