Една урма ставив. А јаболкото беше од оние киселите црвени што се. Ќе пробам со авокадо следен пат. Ама па и не е зорт да мора урма да јаде А толку напор вложив дур се снајдам какви да купам. нели.Бар ти знаеш колку се замарав
Нуди му од време на време, може ќе прифати. Како и секоја храна ако еднаш два пати ја одбијат, мора да продолжиме да ја нудиме, некогаш подоцна ја прифаќаат. Моето на пример на почеток не сакаше кисело млеко, јогурт.. се мрштеше и протестираше, ако му ставев малку банана продолжуваше да јаде. Сега пак сам си бара јогурт и грчки јогурт. Штом се друго се си јаде, урмите се најмал проблем во случај да не ги сака.
Ич не се сеќавам со ќерка ми како беше. Бебе откако почна да јаде стана малку потежок на какање, какаше еднаш на два дена. Ама пред четири дена првпат му дадов овес, па вчера гриз со глутен и овие четири дена ми кака течно по 2-3-4 пати дневно. Нормално е од житарките или нешто ми реагира на глутенот?
Мајки имам замрзнато пилешко ама во кесичките за повеќе од 1 порција. Па, дали може да го сварам и тоа што ќе остане така да го замрзнам пак или еднаш одмрзнато не се замрзнува пак, па 2 дена по ред да и дадам од тоа? Ии дали може да и дадам џигер/срце од петле? Домашни петлиња ни се и така се заклани и по дел спакувани во ќесички за бебе
Еднаш одмрзнато не се замрзнува пак, тоа и за нас го применувам Искористи го за вас нешто остатокот за да не фрлаш. Џигер мене не ми е здрава опција за давање на бебе штознам, јас не јадам и не би дала.
Ова со замрзнувањево и мене некако шубе, ептен дека домашно да се замислам, прогуглај да видиш зошто не би смеело, кои се ризици. Ако е зготвено тогаш 2 пати мрзнето дефинитивно не. Џигерче после година, само за ниско железо би дала порано.
Како го даде? Сакам да и воведам не знам како. Кикирики и воведов преку путер ама ова не можам со нормална цена да најдам се тегли од 500 ден, а ние не јадеме тоа, а за малава ми е колку да видам да не јави реакција, па не ми се купува цела тегла.
Купи обичен лешник (од Бако пример) и остави го во топла вода да се искисне, преку ноќ најдобро и сабајле во каша измели / изблендирај. Ја така ги јадам јатките, така планирам и на малиот здравје да ги давам.
Купив од пазар лешник не печен обичен каков што си јадам јас. Во нутри булет ставив лешници,вишни,јогурт,ананас сушен,банана и овесни. Се насркавме и јас и ќерка преубаво.
Јас од ДМ купувам путер од лешници и путер од бадеми. Околу 300 ден. е мала тегличка од 200 гр. и ја трошам за два месеца одприлика. Задолжително му додавам по една мала лажичка во оброк со житарици и овошје за да го држи сит подолго време, а и заради здрави масти нели. Ореви му давам мелени. Можеш и мелени да ги даваш јатките, јас давам путери затоа што така ми е повкусно мене лично, а и на бебе.
Можеш дома да си направиш путер од јатки. Што и да сакаш да воведеш избленидај со малку маслиново масло и во тегла. Најефтина опција само трпение со блендирањето ти треба.. додека да добиеш кремаста структура
Некој дава ли путер од кикирики на бонита на бебе? Пишува 100% кикирики, без шеќер, сол, адитиви и слично ама да си прашам ипак.
Сеуште немам почнато со млечни и месо, планирам месецов. А, за јатките појма немав кој период се даваат. Фала на одговор
Јас дадов таков, само таков најдов…го пробав и јас, не е солен, баш има вкус на кикирики…му го дадов на мали, па го јаде