Јас давам путер од кикирики од таа фирма. Исто и путерот од бадеми го земам од нив. Пишува 100 % јатки на нив, мислам дека се ОК.
Здраво планирам да воведам месо (телешко) со што најчесто го комбинирате бидејќи мојата женска една недела како ми ги одбива кашичките пробав секако и со купечки само што ке и ја доближам лажичката ја затвара устат едвај ако изеде две-три лажички а на почеток мн убаво си почнавме, па се мислам со што да искомбинирам нешто што нема да боде мн бјантаво . И прв пат се дава по 30г?
Здраво. По колку грама отприлика јаделе вашите малечки на 7 месеци, колку оброци имале, и дали може да се почне со млечни производи ( кисело млеко на пример ) ? Во различни табели различно пишува. Исто ме интересира и за овес и за телешко месо кога воведовте? Ние почнавме со вкусови на 5 и пол, сега е 7 месеци, одвај јади по 80 до 100 грама мах. и само еден оброк, дали тоа е малку?
Месото јас го давам секој втор ден. Ако ми одбива многу, малце јаболче и се крка Инаку мене зеленчуците ми ги разјаде со батат. Скоро со се му го комбинирав, ама еве полека го тргав и сега си јаде без проблем зеленчуци. И ние почнавме на 5ипол месеци, на почетокот одвај 80гр јадеше, а на 7 имаше и ручек. Отприлика тоа време 150гр правев(не мерев, туку од око) Телешко и млечни од 7 воведовме ама со месото се "брзавме" бидејќи е анемичен. А овес прво земав безглутенски од зегин или дм, и му давав од кога јадеше житарки, кога му воведов глутен веќе било каков му давав
Зошто се остава просово од вечер да отстои, не може ли само да го сварам? Ок ми личи и така, ама да не грешам.
Јас не го киснам. Го мијам убаво нели и директ на варење. За 20тина мин е готово. Од тоа без лушпа што го пишува, такво земав
Просото се кисне поради фитинската киселина што ја соджи. Таа спречува да се апсорбираат минералите. Затоа се препорачува барем киснење во вода од 2 часа.
Ама таа мислам и со самото варење се неутрализира. На времето кога посетував нутриционист ми го кажа ова за грав леќа, тогаш просо не јадев
Да, ама со ќиснењето повеќе, односно најдобро се неутрализира плус се менува вода. Не е грешка и да не се кисне, ама вака имаш поголема корист.
А која опција е подобра ? Киснење од 8-9 часа, или па воопшто да не се кисне.? Зошто не можам да го киснам 2ч. Треба специјално да станам за тоа , во 4-5 ч наутро .
Еее супер Ќе почнам и јас така ко тогаш. Пред да си легнам ќе го накиснам. Друго нешто треба да се кисне ?
@Bubce38 Мислам дека сите мешунки по дифолт пошто сите имаат фитинска киселина. Грав, леќа, наут. А други житарки пример хељда исто киснете? @Maca Macka @Tiny Love
Сите житарки од цело зрно освен киноата се киснат минимум 2 часа (значи не е грешка да се остават и одвечер да киснат во вода). Киноата само треба добро да се измие со топла вода.
Хељда не сум давала. Еднаш два пати правев за мене ама некако не сум воодушевена. Не се сеќавам дали сум ја киснела тогаш, ама мислам дека и таа се кисне.