Мајки во Четвртокот напрајвме година. Ќерка ми од Средата не сака капка млеко да се напие Почнав да и давам ужинки место млекце и има 3 оброци и 2 ужинки.. Оброците гледам да се минимум 250 гр а ужинките се купени кашички овошни по стотина грама. Дневно гледам да има 2 пати млечни производи во кашите. Насабајле е или јогуртче павлака изварка итн а навечер млечна каша. Измеѓу овошје и зеленчук. Ми требаат идеи за брзи ужинки пошто треба цел ден на шпоре да го поминам бидеќи оброците и се домашно зготвени. А сакам и ужинките да и се. Одам и на работа и додека зготвам ја наранам иди време за друг оброк а и домаќинството не чека Сама во раче да фати било што освен смока и бисквита се гади. Дури и парчиња кога се морам јас да ја ранам
Јас би послушала педијатар на твое место. Ние почнавме на 5ипол месеци и тоа прво со зеленчук, па овошје, па безглутенски житарки. Без разлика што се близнаци, на 4 месеци дигестивниот систем не е спремен за цврста храна. Инаку, да се почне прво со житарки е еден многу стар и веќе напуштен пристап за дохрана на бебиња (логиката е дека житарката ќе го држи бебето сито подолго време и подобро ќе спие).
Арно си го слушаш педијатарот. Немам твинс ама јас почнав на 4м заради тоа што не напредуваше од млеко како што треба. После тоа установивме дека детево си напредува на некој свој начин, не по книга. Ако се прашувам јас, 4м е мало за храна, ниту седеше како што треба, ја хранев во транспортер цела искичмена Јас почнав со зеленчук и овошје наизменично
@Bubce38 @Lilijan7 фала ви мами! Така и си мислев, ние здравје на годинка ќе тргнеме во градинка па нема зошто да ги брзам со вкусови! Секако фала му на Господ супер си напредуваат.
Ќе може ли некој да ми објасни како оди постапката со воведување на цврста храна? Еден вкус се дава 3 дена наутро, откако ќе проба одреден број вкусови, веќе може да се мешаат и да се даде како оброк, После 2 недели да речеме? Оброкот кое време да биде, кај 3 ,4, 5 часот? Ако дадам оброк, воведување нов вкус би било сабајлето неколку лажички, па напладне оброкот од вече пробани вкусови, така?
Овие на БЛ ми се катастрофа. А бискидс се многу многу убави. Сите ги пробавме. Пишува дека се без шеќер, а мене доста ми се благи некако. Од што, знаеш?! Можно е од овошјето да се толку блачки ?
Мене па Бејбилов ми се превкусни , а и поголемата ќерка ги обожава. На бебе не сум дала ама ги зедов за неа да ги имам . Бискидс колку што читав состав би требало само од овошјето да се благи. Исто имаше порано на Хип само со јаболко без шеќер, убави беа благички малку, штета ги тргнале од продажба. Овие Бискидс не ги пробав јас, сите со млеко беа во составот, а мојата е алергична на млеко. Зедов само од варијантата со морков и тиква, е таа нема млеко, 36+ е не знам зошто, вака по составот ок ми се гледаат. Евентуално потврди ако се нешто.
Мајки утре сакам да дадам просо на малата како го подготвувате и со што го комбинирате? И киноата како ја подготвувате и со што комбинирате?
Ќе ги киснеш одвечер или два часа пред варење , па ќе ги вариш едно 20тина мин. Јас ставам појќе водичка па ако остане цедам на цедалка. Просото обично го давам со кајсија ( као најдобро така се врзувало железото ) и плус некое друго овошје ставам. Киноата ја давам скоро со секое , обично гледам да има и некое црвено ( вишна, цреша, капина ...)
Во Рамстор и во Веро најчесто го земав, во Тинекс не се сеќавам. Но подолг период, месец-два, не сум го користела и јас.
Ја оваа ја земав од DM и му ја воведов веќе во рецепти кај што би требало да има месо. Стварно мења вкус на месо, и ја си ја јадам
Демек од 12м, јас по грешка дадов уште на 8, ама сега не сум пак дала, како демек тешка била за меше.
Здраво мајки. Малечката моја ( 7 месеци ) има мака со запек, секој втор ден и давам круша или слива од сабајле и тој ден е во ред, и потоа наредниот ден пак запек, се мачи многу и одвај малку се кака ( топчиња ) и премногу тврдо. Со водичка мака мачиме не сака да пие, а пробиотикот го прекинав пред некое време мислев полошо и е од него. Дали некоја се соочила со ваков проблем, што можам да направам, и мислење дали да го вратам пробиотикот? И по колку грама ( отприлика ) собрано од сите оброци во текот на еден ден јаделе вашите 7 месечни бебиња?
Од што не пие вода е. Форсирај колку што можеш, ако треба вари сливи и таа водичка давај ја како сокче.
И по колку грама ( отприлика ) собрано од сите оброци во текот на еден ден јаделе вашите 7 месечни бебиња? Дали е побитно да има само еден оброк во кој ќе изеде повеќе количински ( една тегличка бидејќи тој ни е максимумот ) или 2-3 мали оброци од по неколку лажички?