1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ние денеска почнавме со јаболко. Супер ја прифати кашичката. Искрено.. Се однесуваше како да е мртов гладен. :worried: Кога ќе посакав да завршиме со јадењето, почнуваше да плаче. Со рацете самиот бараше од кашичката. Мислам цело кило јаболки да му ги подготвев ќе ги изедеше. Не очекував вакво однесување, барем не првиот ден. Со доење продолжуваме како до сега. Вода му понудив не сакаше..
    За почеток колкава количина да му давам? Денеска 100 гр. изеде (на два пати) Педијататот така ми кажа, но да не е многу? :?:
     
    На gluvarche и zuto им се допаѓа ова.
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Многу е. Не за друго ако покаже алергија, не дај боже тоа е голема количина. Нова храна се дава лажиче две денес па утре се продолжува. Јас веќе две недели давам ама по 50 гр.на јадење се уште не сум дала. За една недела ќе дадам, ќе имаме полни 6. И со толку малку веќе има потешкотии во какањето. Сепак ти си знаеш.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    И мене ми се чини дека е многу, ама како да му ја скратам количината кога бебе само си бара? :?:
    Јас му дадов две лажички и почекав еден саат. Мислам дека е доволен временски период за да се појави било каква алергиска реакција, ако не дај Боже ја има.
    Потоа му дадов 50 гр. и секако, се обидов да му ја скратам количината, но синко почнуваше да плаче и со рацете да посегнува кон тањирчето и лажичката. :?:
    Уф, како до сега да живеел само од воздух, се однесуваше како да е мртов гладен. :o
    Кога си ги изеде тие 50 гр. почна да си се смешка и да си гуга..
    По неколку часа иста приказна и со останатите 50 гр.
    Ако завршевме со јадење пред да ги изеде и последните 50 гр. мислам детево ќе станеше и од раце ќе ми го земеше тањирчето и само ќе си ја изедеше кашата. :lol:
    Очекував да прави фацки, да одбива да јаде, да не е заинтересиран, се, се.. Ама ова? :?:
     
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Е па ако му се јаде, давај:) само давај по три дена една иста храна- првиот ден помалку, првиот месец не мешај продукти- по еден нека биде, не воведувај повеќе од 6 месечно, ако приметиш дека има проблем со какање намали еден ден. Пет саати пред вечерното заспивање најкасно смееш да дадеш, ова првиот месец.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Јагода и јас првин јаболко дадов и ја изеде цела кашичка иако не сакав да и давам цела бидејки прв пат и беше,мислам со јаболко нема да е проблем полесно е за варење ама со другите помалце давај првиот пат а ако ја прифати тогаш нека си јаде.
    Малава немаше проблеми само слива не сака еднаш двапати и ја извава назад а другите ги јаде и толку и давам колку сака.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мајки што правите ако бебе не сака вода никако? Ние дека по малку кашички јадеме ( се учиме на вкусови) ама вода не сака ни да види. Давам и со лажиче ама ја плука ( дури смешно е, како фонтана е). Шише и чаши не прифаќа. Или упорна да бидам?
     
  7. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    144.860
    Пол:
    Женски
    и моето не пие вода. ама никако.нудам колку ке голтне толку.
    ако цица не се грижи, си надокнадува.ако е жедно ке пие.така ми советуваа мене.
    син ми сок сака а вода никако и кога немаше пробано сок вода не пиеше.а јаде се и сешто .
     
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Цица да, а сокови не сака.
     
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    И ние еве неколку дена како почнав да воведуам цврста храна, мака мачиме со водата. Често му нудам но не ја сака.
    Со шишенце, ја џвака цуцлата ама никако да повлече. Со лажичка не сака, ја плука.
    Се мислам да купам чашка со клунче, ама мислам дека и така нема да сака. Веќе нема ни да инсистирам, ќе нудам ако сака - сака, ако не - не мора.
    Веројатно си надокнадува преку доењето...
     
  10. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    742
    ајде совет со што можи да го искомбинирам цвеклото
    дали можи да го додадам ви каша од тиквичка и ориз
     
  11. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    144.860
    Пол:
    Женски
    јас го давам во овошна комбинација- со банана или праска.ама може и во зеленчукова.ке пробаш ке видиш како ке ти го јаде .
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    742
    фала душо
    само уште ова дали го подваруваш или свежо да го дадам иначе мое домашно е цвеклото
     
  13. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    144.860
    Пол:
    Женски
    go varam vo malku voda inaku tvrdo e za blendiranje.
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    На колкава возраст воведовте цвекло. Некаде имам прочитано дека од година па нагоре може. И јас сакам да му дадам, но ете ме разубедуваат.
     
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    144.860
    Пол:
    Женски

    после 9 месеци дадов.варено во комбинација со овошје по една четвртина од цвеклото- да не му е силно . два- три пати во месецот давам.
     
  16. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    742
    ние сме 7 и пол месеци денес прв пат му дадов цвекло му го сварив со оривче тиквичка и малку кромид го испасирав и си го искрка
    јас мислев да давам барем два пати во неделата ама сега дека worried вика неколку пати во месецот ме замисле дали можи да давам почесто
     
  17. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мајки авокадо можеше од 7 месец? Како го давате?
     
  18. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Авокадо може од 6 месец, само испасирано со вилушка. Можеш да комбинираш со банана, праска.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    144.860
    Пол:
    Женски
    не сум прашала колку често смее да се дава .
    ова по некоја моја логика зашто немаме проблем со хемоглобин(фала богу) и јаде се и месо и жолчка и листест зеленчук- па да не му дојде многу-да оптеретиме црн дроб.
    прашајте си на лекар или други мајки како даваат па споделете :)
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Кромид, лук и пиперка од кој месец почнавте?