Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.345
    Допаѓања:
    40.881
    Пол:
    Женски
    Баш вчера зборев со педијатарот за ова, ми кажа дека доколку има 3 оброка одприлика по 250гр, дека 2 шишиња од 180-200мл и е доволно. 10 месеци е.
    Вечера давам претежно млечна, околу 6 саат и пред спиење млеко :)

    П.с. не знам дали ова важи само за моето дете бидејќи од раѓање се бориме буквално и за млеко и за храна
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    4.388
    Пол:
    Женски
    Ауу 250г многу нели е за нашиве 10 месечни бебиња? Мојов доручек и ручек ќе изеде околу 200г ама вечера тешко толку. Инаку пие до 500-550 мл
    Нели до 1г до 200г кашите или јас сум грешка
     
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    5.986
    Пол:
    Женски
    За вечера нас педијатарот ни препорача повеќе млечни или зеленчукови каши. Јас ако се брзам правам житарка со кис млеко/ јогурт/ урда и сл, а ако имам време или ако ми останало зеленчук од ручек му давам зеленчук.

    За млеко, моето пие еднаш кога ќе стане 120мл(или 135мл со се мерилка) после прва дремка пак 135мл, и пред спиење 135мл.
    Навечер ако стане кај 5 пак 135мл. ( моето е 10++ )
     
    На LiquidLuna и Knizhevnik11 им се допаѓа ова.
  4. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    4.388
    Пол:
    Женски
    Мојов сега за сега со 3 оброка, вечерата помала е, пие 165 кога ќе стане, по првата дремка 200 и пред спиење пак околу 170/200
     
    На Speechless му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.345
    Допаѓања:
    40.881
    Пол:
    Женски
    Абе идеално можеби и треба толку, шо знам, ама мојава ако изеде 200гр конфети фрлам по дома :D
     
    На Knizhevnik11 и Speechless им се допаѓа ова.
  6. mina.baby

    mina.baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    30
    Здраво, сакам да ве прашам дали имате давано на 6м бебе сладок компир меѓутоа е лилав и надвор и внатре? Ми кажаа дека е органски па затоа и го зедов меѓутоа сега ми е страв да му дадам. Поздрав
     
  7. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    5.794
    Пол:
    Женски
    Има и такви видови сладок компир. Давај слободно.
     
    На Knizhevnik11 и mina.baby им се допаѓа ова.
  8. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    Веќе немам идеја шо дададам за доручек/вечера на мојава минијатура.
    Па ми текна на чиа.
    Како воведувате, со што и како се комбинира.
    Се некако си мислам дека ќе и се свиѓа структурата :D
     
  9. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    5.462
    Пол:
    Женски
    Јас од вечер во јогурт ја ставам да се кисне во фрижидер и утредента додавам овошје, житарици и слично. Или со овес ја киснам. И за мене си праам вака :)
     
    На nevermet18 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    11.011
    Пол:
    Женски
    Овесни, чиа, јогурт и банана. Ова лапам пола живот, сега и малава лапа :D.
     
    На Tiny Love, tina2018, Indi96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    Уф тешко.
    Овесот па ич не го сака ама баш ич.
     
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.392
    Допаѓања:
    33.778
    Пол:
    Женски
    @brm_brm еве ти мама еден пробан рецепт
    Пола банана
    60гр овесни снегулки
    20гр чиа семе
    Мала лажичка мед (опционално)
    10гр какао
    15гр путер од кикирики или други јатки, ако немаш воведено може и таан
    Сето заедно се меша во 200мл јогурт или млеко по избор (ако сака кокосово, бинго).

    Ова е енергетска бомба за нејадачите наши, доволни се само неколку лажички да каснат за доручек, останатото ние ќе си го излапаме. 8-|
     
    На Knizhevnik11, brm_brm, sani99 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    Одма утре го правам.
    Овесните мелени или цели, и дали од вечер да отстои?
    Ама дека има банана?!
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Девојки ќе ве молам за мислење. Педијатар ни препорача да давам на бебка ноќни кашички навечер по малку, за да ја држи сита подолго во ноќта, бидејќи често се буди. Бебето е 5++, што значи уште пробува вкусови, т. Е. едвај зошто не сака ништо освен цице.. И сега нез колку е паметно да и дадам одедннаш ноќна на хип, а притоа ни житарки ни глутен нема внесено
     
  15. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.794
    Допаѓања:
    1.541
    Каков мед користите ?
     
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    5.249
    Да не не сте се разбрале нешто. Тоа е совет ама за поголеми бебиња. На 5+ не се дава ноќна каша за да го држи подолго сито. Бебе е, нормално дека ќе станува за јадење.
    Никако немој да воведуваш навечер нов вкус. А оброк цел се воведува после месец ипол два од првиот оброк.

    Мед само да знаете над година, никако пред. Може имате повеќе од 1г ама да не се залета некој да даде. :)
     
    На Knizhevnik11, Anchita, sani99 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
     
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.392
    Допаѓања:
    33.778
    Пол:
    Женски
    Какви сакаш овесните, не пишав да преноќи во фрижидер или ако си ранобудна да стои 3-4ч. Ако ти е во мисла бананата дека оксидира, не ставај и без нејзе преубаво е.

    Јас имам природен ливадски од ептен мои луѓе што не ги дохрануваат пчелите.

    @Mucika фала за корекцијата, јас само опционално пишав и толку. :|
    Под година може без засладувач, доволно слатко е, ако веќе мора може урма/сируп од урма.
     
    На brm_brm, Mucika и sani99 им се допаѓа ова.
  19. bubabuba

    bubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Мајки кога воведовте белка од јајце? И како ја приготвувате, само варена или кајгана?
    Јас веќе му дадов на 9м, немаше реакција, но читам доста коментари за над 1 год. дека се дава, зошто така?
     
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    5.249
    Затоа што кај нас сеуште се водат по стари препораки за воведување на алергените. Додека во светот новите студии покажуваат дека не треба да се чека, туку дека баш напротив некои е подобро и да се воведуваат порано, веднаш откако ќе се почне со цврста храна.
    Ако веќе имаш воведено и немало реакција спремај го како сакаш. Во мојот случај на кајгана имаше реакција бидејќи е чисто јајце, сега не го давам чисто. Го ставам цело во пецива како мафини или проја, јуфки во состав со јајце. Следен чекор е да го ставам во нешто што се приготвува пржено како вафла/палачинка. Па на крај да воведам чисто. Меѓутоа никогаш не го делев. Може и така. Кој како се чувствува посигурен во суштина. Нема правило.
     
    На Anaroz1, bubabuba, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.