Mamicki koga od koga pocnavte da mu davate za jadenje na bebusot? Mojata sega napolni 3 meseci i e samo na adaptirano mleko, ne mu dava nisto drugo ni caj ni voda
Потсетете ме како ви се однесуваа бебушки на почеток кога воведовте?! Не знае што да праи со устата, од гугање нанадвор му иде храната. Мљацка ама што и да му дадам како да не му е вкусно. Дури и на банана се затресе. Два - три вкуса имам дадено до сега, далеку ми личи цел оброк да јаде. Цицка фан е повеќе.
Мајки дали до сега бебе ви имало проблем со некоја храна/намирница да навечер писка, се гледаше дека меше го боли..Појадок банана бискотки јаболко, ручек телешко со боранија, тиквица, морков, компир, кога стана од последна дремка си дојади од ручекот, можно ли е да е до тоа?
Го стокмив од синоќа да стои ама изгледа малку јогурт имам стаено дека се од око бапнав. Зрнцата не ми се сите омекнати, некои крцкаат.Смеам вака да давам?
Не е страшно сигурно нема многу, ама брзо набабрува 5-10 мин, ако уште не си дала стави му уште малку течност и почекај
Мајки бебе за една недела полни 6 месеци, до сега изминатиов месец давам пола тегличка кашичка еднаш дневно наутро. Правам домашни кашички но претурам во малите купечки теглички за да имам мерка колку да и дадам да јаде бидејки еднаш ми се случи да ми поврати од брокула дали од брокулата дека е потешка или од прејадување незнам. Од тогаш оставам по 1.5- 2 часа после кашичката за да ја надојам. Лакома е па страв ми е да не претерам ппвторно а поврати. Совет кога да воведувам ручек , вечера, количински колку давате кашичка во случај а сака да јаде и дали тоа значи да намалам со подоите?
Мама, од кој месец почна ова да го даваш ? Кое е тоа кокосово млеко ако може слика . И дали наместо мед може да се стави агапе сируп . Фала лепо . Чиата ми мати ум од кога се дава. Јас тоа чудо никогаш не сум го пробала , вака на слики многу ми е лично. Баш сакам на синко да му дадам
Јас ставам чиа како замена за јајце од 7 месеци ама мала количина е тоа. А ќе пробам утре сабајле да дадам со овес без ова алергениве, мене не ми се воведени. Инаку мислам дека е 12+ ако се водиш по тоа кога што се воведува , ние сме 10м.
Па не се водам баш по некој табели . Мед немам дадено ни јас , не би ни дала до лето. Овие путерите сега почнав еден по еден да ги воведувам. Јајце цело давам. А и чиата е алерген ?
Не мед ни јас не планирам ако успеам и до 2 години . Другиве не сум ги дала јатки и семки, каснам . Не е чиата во топ алергени.
Смееш да даваш и неомекнати, ама така "напиени" со течност плус и од слузта што ја испуштаат баш како пудинг испаѓа. Буби видов дека и вчера праша од кога се воведува чиа, јас искрено не сум репер оти се водев по солид стартс и според нив сѐ освен шеќер, мед и сол се дава од 6 месеци. https://solidstarts.com/foods/chia-seed/ Прв пат чиа дадов во џем од црвено овошје, му го правев за намаз на палачинка кога имаше 6-7 месеци. Оти имам мака со нејадач, јас во доручек/вечера обавезно ставам нешто енергетски силно како чиа, јатки или други семки. Не знам дали е исправно, јас тоа на своја рака го правам. Кокосово млеко земам во конзерва што е за готвење, тоа ми е највкусно. Вообичаено земам од кам, имаш био во дм. Не сум обрнала внимание дали има додадени шеќери, провери ако земаш. Спојлер: Слики Исто може со домашно млеко направено со вода и путер од јатки да се направи (чаша вода и 1.5 супена лажица путер од јатки се блендира). Сируп од агаве исто и јаворов ги среќавам низ рецептите за бебиња како замена за шеќер, јас досега не сум употребила. Мама го излапа? Вкусно ти беше барем тебе? Јас некогаш така се тешам Пуштам среќа и надеж дека ќе ручка, ама во случај да откажи, викни ме на помош за јадење
Во хрватската група за дохрана чиата се препорачува да се воведе околу првата година на бебето, ако нешто ти значи ова. Препораката е да се дава една мала лажичка чиа на два до три дена.