Женски авокадо дека не јадам нит па сум вовела, врска немам по колку се дава стварно. А за маслиновото педијатарот ми рече океј е по една супена лажица ладно цедено дневно.
Да не се сфатеме погрешно мајка, не те нападнав, само кажав, дека јадам авокадо и цела бременост и во пости и мислам дека е многу пола или пак цело.
Таман работа да се разбираме погрешно, тука научив многу работи па еве и ова Не сум лутка тек така ја, ама ако се налутаааам...
Педијатарот ме советува да почнам со вкусови уште сега, бебе е 4++, со овошје. Има ли некоја конкретна причина зошто е овошје? Јас би сакала на 5ипол месеци да почнам со зеленчук.
Може ли некоја мама да ми каже што е разликата меѓу готвач на пареа и готвач на топол воздух, извинете но стварно врска немам. Тој што го сакав готвач на пареа го немаат на залиха....
Детето мора да јаде месо за да расте правилно, вегетаријанец не е баш ок да го правиш од толку мал кога му се потребни протеини за растење. Слушај си го ортопедот и немој да се водиш по тоа ти што мислиш дека е најдобро за детето. Има време кога тој сам ќе одлучи дали ќе биде или не вегетаријанец. Ова најдобронамерно мајка немој погрешно да ме сфатиш
Тоа овошје зеленчук нема врска, можда затоа што смета дека полесно би го прифатило овошјето. А тоа што ти рекол од 4++ да почнеш, мора со него да видиш зошто така рекол. И мене ме советуваа од 5-5ипол па си почнав на 6. Морало на 6 да има цел оброк, она сега на 10 нема не па на 6 .
Цица или е на ад? Напредува добро. Ако напредува и цица после полни 5, нема потреба од порано, ако е на ад ќе си бидеш со педијатарот. И можеш со зеленчук нема врска со што ќе почнеш, секако дете ќе си покаже што преферира
@Knizhevnik11 @Mucika На АД сме, вака добро напредува, има дуплирано килажа, кс и е супер, баш се чудам зошто сега ни рече, дали и е таков принципот не знам... Плус и со сокови ми рече да почнам што нема никаква логика, а ни потреба.
Деца на ад порано почнуваат со немлечна дохрана, ама еве ќе се јави некоја мајка да сподели искуство. И мене оној пат кога беше болен синко ми рече сок, ама ја пресеков, и реков до годинка не планирам, нека си пие вода.
Мојата е на АД, си напредуваше одлично, не слушав педијатри за воведување немлечна исхрана затоа што сите различно кажуваат, па сама си одлучив следејќи си го детето. На 5.5 почнав со вкусови (мешано, и зеленчук и овошје), на 6 имаше доручек. Не е правило дека е на АД, па порано да се почне со цврста храна. Тоа е само ако детето не напредува доволно, небитно дали доено или на адаптирано. И еве нешто што многу убаво доловува кога навистина бебе е спремно за јадење (со исклучок на оние на кои им е неопходно тоа порано)
Нема врска АД, баш педијатарот ја прашував за ова кога престана да цица ќерка ми околу 3ти месец, дали тоа значи дека ќе почнеме порано со цврста храна ми кажа дека ако напредува добро нема потреба од порано иако е на АД. Е сеа мојава не напредуваше на никој начин, па почнав од 4+ со цврста храна што според мене е прерано ама јбг, мораше да стави некое грамче плус
И другарка исто ми викаше дека на ад па почнала од 4++, не ја гледам логиката, супер си напредувше бебе. АДто е замена за мајчино, буквално тоа му е намената, што е поразлично не знам. Како и да е, од тоа што се информирав, со немлечна храна се почнува на 6 месеци, било мајчино или ад, се пред тоа нема никаков бенефит. Убав пример ти дала @Emy867. А соковите веројатно затоа што бебе од 4++ јас искрено не знам како би јадело, вака сокче ќе го испие... Ако ти напредува ок почекај.
Кажете ми каква чашка за вода да купам, за 6+ бебе кое по 5 капки пие вода? Шише никако не прифати. Со лажичка нема шанси да му дадеш. Упорна сум со обична чаша ама се лигави, плука, брца прсти, брбори со водата и се оди на облека. И првото тешко ми прифати вода на почеток, ама сега сакам да најдам начин бар 50мл да пие некако на ден.
Се согласувам дека ако детето добро напредува нема потреба од порано почнување со немлечна дохрана, само реков ќе споделат искуство оние кои се соочиле со тоа.
Мајка ист проблем. Јас земав на томи типи https://www.amazon.co.uk/Tommee-Tippee-First-Cup-Pack/dp/B07H955R8H , интересна му е, но пак не пие многу вода можеби 20мл и многу често и од обична стаклена чаша му давам,.. сок, чај па никако што ми е многу чудно да не сака ни да проба сокче
И ние шише нејќиме, имаме чаша со цевка, чаша со клунче и пак само се лигави цевката ја грицка, од чаша обична кога и давам сака да пие ама ама се правиме лом ги гледав овие чаши https://drbrowns.mk/p/157/chashka-360-crvena-9 ако некоја мајка ја има да кажи како е задоволна