Еве ме со иста мака, 9 ќе полни за една недела. Се испробав и ништо не јаде, со лажење максимум 1-2 лажички. Се давам, се пробувам и на крај хаос сум не знам ни дали голтнала бар малку и дали се смета за воведено, на пример домат или јагоди( давав готови кашички што имаа во составот) Воглавно на домашните кашички уста не отвора, купените пробува по лажичка, вода една голтка цел ден, сок одбива и така. За среќа не морам да тргнам јас на работа уште, па затоа и не се оптоварувам многу се додека не заостанува со раст. Цицање омилено и примарно ама еднаш ќе почне белки и да јаде Да одложиш работата некако можеби (со неплатен одмор или слично, ако можеш да си дозволиш се разбира) уште за некој месец и да му дадеш време на бебуш. Ептен е без врска што бебињата не можат барем до година да бидат со мајките, без веза и нехунан закон имаме скроз.
Пилешко какво давате? Не успеав домашно да најдам,татко ми чува петлиња само за бебко но биле премногу мали.
И ние ептен мали искористивме за бебо. Греота , но што е тоа е . А, И што помали тоа е подобро месото за бебе. Не ти треба стар петел , ќе го вариш две ноќи и месото пак ќе е тегаво
@Bubce38 знам јас, селско дете сум Ама овие се пиленца уште. Ќе пробам да разбарам низ село по кокошарници ако не, ќе почекам па. Дадов телешко, успешно помина.
Ааааа, не разбрав дека се баш пилиња И свекор ми зема пиленца , и ние ги чекаме да пркнат Ако не најдеш па терај си со телешко . Јас мисирка не можам да најдам , ми ветија едни сега дека ќе ми дадат . Па чат пат купечка тегла со мисиркино давам. Лапа мојот и од тегла , не наоѓа маани он
Предлог со што да дадам жолчка? Прв пат дадов со палента и малку банана, ама немам друга идеја со што да ја комбинирам
Mom's Не знам дали е проблем, мене не ми е али на маж е. Малава јаде ко манијак Кашесто не сака да стави у уста веќе месец дена. За некој ден прави 11 месеци. Јаде сама. Е проблемот (според маж секако) е што бута, ама баш бута. Банана денес изеде на 4 пати. Устата и пукна ама парчето цело го става. Пробав да и сечам мали парчиња ама и од нив едно по едно мислиш некој ќе и ги украде ги става во уста. Не се дави никогаш ама мојот паничи левл детето пред очи му умира. Копанче глодаше ко хиена,дивјачки мислиш прегладнета. Мафините не знам дали ги џвака Додека устата не и е полна она не престанува да ја полни. Да и давам јас парче по парче е драма ко да не и давам да јаде. Некоја фазичка е ова или да рачунам дека нема да биде некоја лејди Мм вика фали на крај да се испрди и иждрига и официјално да ми биде сине
Да се живи и здрави солид стартс https://solidstarts.com/food-pocketing-why-baby-shoves-too-much-food-in-their-mouth/ Ете наводно е фаза и добра причина за фазата. Ја учат устата така и манипулацијата со јазикот. Има и како да постапиш на линкот.
Па не знам баш дали е фаза. Мојава бута така од кога е почната. Е сеа дозволува и јас да и давам ама ако и се свиѓа нешто многу на 2 пати мислам го јаде. Лепче не дај боже да види зима бута побрзо во уста, ко да ќе и го краде некој.
Не, ти да си ми жива и здрава Ќе ме спасиш од расправии секој ден. Пратено до хистеричното женче од маж. Фала ти
Млечни уште бе сум вовела. Која тарана ја даваш? И рецепт за мафини и палачинки, и како да и ги давам на каши сме уште
Лелеле леб, сега во Тинекс ме посрами виде на рафт и почна да рипа од количка и ам, ам , ам морав да го земам багетот и да и скршам. Што и да јаде мора да држи лебче со една рака. Сабајле јадеше леб и киви
Со кај мојата најмногу поминуваше со брокула и ориз затоа што брокулата има појак вкус и не се осеќа толку жолчката. Инаку можи и со спанаќ и ориз, палента со кисело млеко/урда, компир со кисело млеко, или со било која зеленчукова каша. Јас на два пати баш сега правев мафини со жолчка, многу и се дппаднаа (веројатно дека не е каша).
Со какво лебче почна? Леле ептен сум назад јас ..никако да престрашам да му давам парчиња, не знам како да почнам, а еве веќе 11 месеци е...
Дел Густо мислам е тараната. Колкави сте? Зошто жолчка пред млечни? Нели идеа млечни на 7? Ќерка ми е 14 мес е малце заборавив како беше редот, а ептен фокусирана бев кога воведував .Јас немам давано блендирани каши. Накај 9 мес почнав со мафини, такви работи пред тоа пасирано. Рецептиве ми се со млечни сите.
Да ти кажам право уште на 7.5м почна и тоа мајка ми месеше и и даде во раче . Од тогаш и е љубов и така спонтано се научи да си јаде се. Сега имам направено и интегрални кифлички и од нив и одмрзнувам по две. Некогаш ако заборавам и давам и било каков леб што имам дома. Со леб и клавче пченка летоска научи се да џвака.