Со полни 6м негде имам воведено спанаќ. Да, можеш со веќе воведени намирници да го дадеш за ручек. Две ливчиња се сосем доволни. Знаеш, убаво измиени и кратко обарени , па блендаш / пасираш . И тоа го знаеш сигурно , спанаќ / блитва еднаш на 10 дена.
Кога воведувате телешко, како го давате, исто 4 дена по малку или 1 ден цел оброк од 40 гр со зеленчук, па пауза таа недела. Веќе имаме ручек, 7 месеци има малиот
Затоа што се оптеретувале бубрезите , така имам читано овде , од појќе членки . Манго Не се вари @BearMe јас овде читам вакви информации
Ти благодарам @Bubce38, јас немам многу време за читање наназад, а последните месеци се трудам редовно да читам овде, но еве некои работи сум ги пропуштила...
Од каде земате телешко месо и по колку се дава во оброк? Јас имам давано ама само во готови кариоките, па да земам свежо да го сварам и по колку количнски да замрзнам
Почнав со 30 гр ( сварено го мерев ) па на 9м почнав по 50 гр во оброк . Четири пати неделно давам месен ручек, еднаш со јајце и еден посен. Некогаш немам посен ден. Мојот е месар , посните со зорт некако ми ги јаде . До сега не сум купувала месо. Имам домашно, освен мисиркино. Него го давам со Хипп готовите
Majki od koga pocnav te da davat kileso Mleko Pavlaka i urda i kako gi kombinirate so sto gi davajte i od koja urda kupuvate
Сварив тиква и ја испасирав ама бебуш заспа. Може ли да стои на собна температура пола саат до саат или нова да му сварам?
Со ќерче ќе биде весело. Кога го гледа бато, мљацка . И даде он банана, она откина парче и си го изџвака и голтна 4 и пол месеца е. Бараше уште и течеа лигички. Ама матичната рече од 5ипол да почнеме , она напредува на граница, па демек ради тоа. А мислам дека бебево баш ќе јаде. Бато научи на година и пол две да јаде парчиња
Обожавам такви дечиња Да ти е мерак да го гледаш Првово лигушче , абе леб нејќеше да грицне не па друго
Си јаде буквално се а веќе на 15 месеци сам јаде со лажица и тоа баш како што треба А првиот исто ко твојот и плус ништо не јадеше после 18 месеци.
Од кога се почнува со пасирана храна? Од 4 ипол месеци почнавме вкусови, на 5 имаше 1 оброк сега е 6 месеци со 2 оброци. Не е голем јадач. Повеќе сака млекце Инаку палентата иде со тиквица за ручек?