Женски кои зачини ги давате како додаток? Јас до сега само босилек / оригано Да му дадам некој друг плус? 11++ е
Фала мамичка на одговорот, давав односно пробав со хип инстант кашата - гриз, пишува дека е без глутен, значи сега можам и втор оброк и глутен постепено да воведуваме, ти благодарам од срце
можеш, ја 6 месеци воведов глутен, а иначе мој совет кога ќе воведуваш втор оброк немој наеднаш цела количина, ја на пример имав воведено доручек, кога почнав и ручек и давав прво по малце попладне па постепено додека дојдеме до оброк, исто и вечера кога воведував
По која табела се водите за воведување на храна? Моментално бебе е скоро 5 месеци па ми е во план да почнам со вкусови.
Можам да воведам ориз после 12 дена вкусови? 5++ сме. До сега имам воведено круша, јаболко, морков, тиква.
Не, не давај ориз, рано е. Ем запек прави, ем е полн со арсен. После кога ќе воведеш глутен ќе можеш да го замениш со булгур, кус кус. Имаш тон други житарки за почеток (палента, просо, киноа, овесни, амарант) Давај од нив.
Абе дај за старт, ама купи си класична палента. Секогаш се препорачува цело зрно житарка, не инстант.
Фала ти, овие ги разграбав пред да прочитам нешто ама ок, ќе си ги јадеме јас и мм. И мешање на вкусови кога може? Гледам во бебе готвач пишува одма, ако е воведен морков, тиквицата со морков да ја воведам итн.
Можеш да мешаш. Еве дај му палента, крушка и тиква пр. И воведувај уште овие две недели ново повеќе, за таман од 6м да си ручка доручек. Не мораш по 3 дена, може и по 2 да воведуваш. Јас не сум се раководела по рецепти од никаде, вклучувам креативност насабајле зависно од тоа што имам дома Опушти се, многу полесно ќе ти биде.
Јас по БЛВ методата го хранам моето дете. Мислам дека уште при крајот на шестиот месец (на точно шест почнав да воведувам храна), му направив домашен леб. Овесни снегулки исто тој период отприлика. Еден од начините да му ги спремиш е овесна каша - ја правам овесната каша па додавав банана и кокос за да биде повкусно - но овој рецепт веќе ако другите состојки се воведени. Му спремам и колаченца со овес, палачинки со овес...
Од 7 дадов глутен. Можеш овесни, јас ги варам кога правам овесна каша, поубави ми се така. Стави една полна кафена лажица овесни, залиј со вода малку над нив да дојде и нека се варат додека не изврие водата.
Здраво. Бебето е 6 ++, на адаптирано,почнавме со вкусови 4ти месец сега веќе имаме еден оброк од сабајле. Во последно време не ми го пие млекото па сакам да воведам уште еден оброк на поручек. Кога најбрзо можам да воведам втор оброк и дали е подобро да е зеленчук или овошје? Од една страна ми е страв да не е рано а од друга да не падни на килажа.
Здраво на сите. Ве молам споделете искуство како чувате брокула и карфиол. Пробав и замотани во фолија како што ги чуваат во маркетите и без неа, во фрижидер, на темно и ладно, на собна температура... На било кој начин брокулата за два дена ми пожолтува а карфиолот фаќа кафеави дамки.
Ги купувам свежи од пазар, бланширам и замрзнувам на мали киткички. Вадам, на пареа ги правам, многу брзо за 10 15 мин
Да не не ги купуваш свежи, на пазарче може да се посвежи него во маркет, таму може да им се стоени и брзо да ти венеат дома. Инаку во фрижидер ги чувам во фиока, фиоките божем ја задржуваат свежината, во ќеса некогаш, ама не спурено затворено туку да дише. Или како ^ бланширани замрзнати. Ама мене по 5 дена ми стојат и карфил и брокула во фрижидер па почнува да венее, за да стигне за во ѓубре едно недела дена им треба минимум.
Јас воведов ручек месец после доручекот. Доручек овошје, ручек зеленчук. Ние почнавме со 4+ со вкусови оти ќерка ми е комплицирана бааги, стагнираше у килажа или качуваше по 20гр неделно. На 5 имаше доручек, на 6 ручек