Едно овошје/зеленчук блендирано/пасирано се дава 2-3 дена по ред по малку за да се види да не има некаква реакција. После тие 2-3 дена воведуваш друга намирница итн. Значи не се става во млекото туку самостојно
Постепено (едно по едно) воведување на намирници по прв пат во исхраната на бебето, зашто до тој момент се храни со една намирница - еден вкус.
Имам смрзнато домашни модри сливи исчистени од семка, прашањето ми е дали треба да ги лупам и ставам на пареа или директно да блендира? И уште нешто, дали може од вечер да се зготви на пареа и олади па во фрижидер и сабајлето да блендирам (ако да како ги чувате во тегла, пластичен сад со капак)?
Мами од кога почнавте да давате пасирано?Бебе за 3дена прави 7м ама јади само блендирано мазно да е скроз и потечно.Ако е густо или со парченца се гади.
Сливите во врела вода стави го, веднаш им паѓа лушпата. Јас и за големиот се готвев пред оброк, еве и за малото. Плус не ти треба многу време за подготовка па да спремаш од вечер. @SarChee 7месеци е и јаде само блендирано. Сега почна лепче по малце да глода. Јаболко гребено со лажичка јаде и ако има парченце поголемо веднаш повраќа, не знае да плукне или голтне. И банана исто, ако гризне повеќе веднаш повраќаниците. Мали се уште, ќе се навикнат и на пасирано, не се секирај. Не рекле за џабе, кашата е за бебињата
Мојов е веќе 11м, тргнав на работа и одвечер му правам овошје на пареа ставам во стаклена тегла и во фрижидер. Сабајле додавам житарка ако е инстант, ако не и неа одвечер ја варам и ја додавам. Сабајле мм блендира или гмечи со вилушка и му дава. Ручек му правам кога си дојдам. Според хрватската група може до 24 часа овошје и житарка да стои во фрижидер.
Ич да не се потресуваш, повеќето овошја, зеленчуци, житарки и месо можат до 3 дена да стојат во фрижидер, јас ги ставам во садови што не пропуштаат воздух или тегла одозгора фолија па капаче ставам. Можеш и зготвени да ги замрзнеш па да одмрзнеш и да дадеш. Многу често тоа од денес го давам и за утре или исто или нешто модифицирано. Тек па кога ќе почнат со 3 оброци... Олесни си како можеш. Имаш многу видеа за меал преп за бебиња на јутјуб.
Колкаво е бебето? Ако е помало од една година јајце и месо не се даваат ниту во исти ден, а уште помалку пак заедно во еден оброк. Со месото и оризот стави и некој зеленчук кој веќе ви е воведен и имате ручек.
Месо и јајце не се дава зедно. Како што јадиме за нас, јас такви комбинации правам. Пример во секој ручек со месо додавам кромид и морков, ориз/компир и некогаш плус можиш и тиквица, спанаќ/блитва зависи што имаш. Жолчката исто со зеленчук, мене со брокула најмногу ми ја јади затоа што најмногу се маскира вкусот на жолчката, пример жолчка, просо, брокула, карфиол, морков, кромид.
Malata e 9 meseci vo red nema da dadam takva kombinacija zatoa i prasav, a dokolku mesoto go iskombiniram so zelencuk dali mozi da ostani za utresniot rucek vo teglicka vo fridizer ?
Мајки како почнавте да правите кашички со кравјо млеко? Ние сме за некој ден годинка па сакам да и дадам некогаш чоколино или бисквита со млеко па дали да ставам чисто млеко или да го мешам со вода? Никогаш не сум дала до сега. Исто мед од кога воведовте? Имаме наш чист домашен па се мислам и тоа да дадам деновиве. Фала
не брзај за медот, рано е, а кравјо дома немам дадено, во градинка само јаде кашички со кравјо, не верувам дека им ги разредуваат со вода, педијатарот кога ја прашав ми рече првиот пат да дадам 70 посто млеко, 30 посто вода
Јас околу медот да ти кажам. Минатата недела дедо и (пчелар) не издржа. Ја однесе во кујна, ја враќа, гледам мојава лиже прсти. Одма знаев. Вика и дадов да брцне во кантата со мед. Не се напнав. Си излижа дете и тоа е тоа. Немам дадено пак (11+++ ) ама дефинитивно за некоја недела планирам да и дадам со млеко.
И јас имам домашен. Сега скоро дадов на 15м. Абе прсти лиже. Уста оддалеку отвара. Дека друго не сака. Насабјале и давам со мерак дека сака. Отприлика мала лажичка. Кажете ми калинка како да исцедам за да и дадам сокче?