Фала мајка Кај нас и дедо и тато се медари и за нас медот е блаженство така да и јас ќе дадам деновиве.
Ако имаш нутри булет ги блендирам зрнцата и после низ цедалка или низ газа ја цедам, ама семчињата паѓаат на дното па и така само претурам во друг сад без семките, да не се мачиш со цедење. Инаку мед имаме и ние домашен фамилијарен ама планирам бар до година ипол да причекам ако не и две, страв ми е од него ептен. Реално ретки се случаите на ботулизам. Ама ризикот е поголем дур се мали, колку се постари помал ризик.
Aj ve molam nekoia mamicka da mi objasniit detali za prvpat voveduvanje hrana… malata imat 4 meseci a sakam da pocnam so jadenje deka e samo na aptamil a pocna i da ne mi piet mnogu poslabicka e…so sto da pocnam i kako da gi prigotvuva?
Слабичка е по кои стандарди? Не напредува добро? Пошто иако е само на аптамил, 4 месеци е премало за цврста храна доколку напредува како шо треба. Инаку и јас почнав од 4+ со вкусови и затоа си давам за право да ти кажам дека е премало затоа што јас ја хранев у полулежечка позиција, најнебезбедно шо постои. Претпоставувам дека и твојата не седи уште самостално. На темата, јас почнав со зеленчук и овошје наизменично. 2-3 дена зеленчук, па овошје. Почнав со по 3-4 лажички (од кои пола плукаше) колку да видам реакција дали ќе пројави па наредниот ден и давав повеќе.
Мами, дали може од лук да се појави пеленски осип како бубалици? Еднаш пред еден месец дадов лук и цел ден плачеше и беше црвена во образите (не сум сигурна дека беше реакција). Вчера дадов повторно и не приметив ништо, денес пак дадов и приметив неколку бубалици во пеленска регија, па дали е можно да е алергија на лукот? Да напоменам дека почесто и поцрвенува пеленската регија бидејки има брз метаболизам и често кака...
Мајки ај совет Распоредот ни оди вака 200мл млеко Доручек 200мл млеко Ручек Вечера 200мл млеко Кога воведовте ужини? Да исфрлам ли млеко пред ручек а да давам ужина, 11м е.
Ако осетиш дека сака или има потреба дај му, инаку после година се воведуваат. Мојата цица, освен сабајле и навечер, давам за попладневна дремка, ова меѓу доручек и ручек не го давам, тој период и даваат ужинка ако сака, ама ни таа не ја јаде, не знам искрено на што живее. А намерно ги скратив подоите за да се разјаде, инаку да ми јадеше солидно ич немаше да кратам на млеко до година.
Јас ужина воведов некаде после една година. Нека пие млеко бебето. Единствено ако мислиш дека е гладен и дека млекото не го најадува, во тој случај пробај со ужина.
Јас можно е и да претерувам, но какао, мед, шеќер, благо, уште немам дадено (а друго се буквално, вклучително и јатки и риби и тд). Детево ми е 17 месеци. Религиозно следам solid starts страната каде за скоро секоја намирница има многу убаво објаснување. За медот конкретно, велат дека не треба на дете под 12 месеци, а идеално да се почека после 24 месеци заради ризик од ботулизам. Кравјо млеко, исклучиво купечко, ставам како состојка уште од шестиот месец кога почнав да воведувам храна, но само како намирница.
Не е гладен, туку немав ориентација кога треба да почнам со ужини. Тогаш ќе тераме вака додека самиот не смени.
Можеш да почнеш и сега ако сакаш, не е дека е толку строго правило да мора после година. Најправилен совет за ова би бил да се следи бебето и неговите потреби (а и да не падне внесот на млеко под минимумот за неговата возраст).
Мајки а дали може слаткиот компир да се зготви од вечер и да се даде наредниот ден или и тој како обичниот не може?
Мислам дека слаткиот компир е безбедна варијанта за затоплување ако прашуваш во однос на тоа што зборевме дека спанаќ, компир не се подгрева. И да, јас многу често го готвам за 2 дена.
Луѓе кажете совет што се случува не знам, секој пат кога ќе јаде ориз се задавува детево. Без проблем јаде леб, јаде мафини, бисквити итн итн, ама ориз некако не бива. Што би било проблемот? Дури и го преварувам за него... Нешто погрешно да не правам