Свежи ( некиснати) да ги блендирам, така ? И по колку да му ставам во оброк ? Претпоставувам со житарка плус ќе треба
Обично ги мелам и ставам во комбинација со овес, јогурт и шумско овошје. Ленот секако треба да се меле пред употреба и за возрасни. Во проја им имам ставано сецкани семчиња од тиква и сончоглед, а сусамот цел.
Баш читав дека јаткасти се даваат после наполната 1 година поради можност од задушување. Ова во прирачник од unicef го пишува. Не мора киснати. И да ги киснеш мислам нема да има разлика.
Дали буквално секоја нова намирница ја давате три дена последователно? Доручек имам воведено веќе 3 недели. Претходно пробуваше вкусови цел месец. На ред се нови вкусови, но дали и понатака пример и на 11 месеци ако е нешто ново треба 3 дена или само алергените? Ако некој може нека ги напише кои се алергени одвен јатки, глутен, јајце, цитрусни, јагоди и млечни.
Јас само алергени давам повеќе денови последователно и тоа почнувам прв ден помалку па зголемувам, околу 5 дена, а не 3 и понатака барем 1 неделно обавезно го давам. Топ алергени се млеко, јајце, риба, кикирики, соја, јатки, пченица. Јагоди и цитрусни не ги ставам во ист кош со овие.
Мајки, не гледам никаде за печурки како се дава, дали може и сл.? 10м сме… мислам на свежи шампињони од маркет
А зошто па за печурки да се чека толку долго, јас прв пат слушам Одгледувани се тие не се берени, не дај боже.
Затоа што во печурките нема ништо хранливо за децата, т.е кај децата ги нема ензимите кои се потребни за варење на печурките . И со тоа се многу многу тешки за мешето . Некаде имам читано дека Не се препорачуваат ни до 7 год возраст .
Како го давате просото? Јас секогаш пасирам низ цедалка, но ме интересира дали се бленда добро бидејќи е ситно.