Мајки пак јас. Не сака ќерка ми каши од претходен ден правени па затоа да пробам отсабајле да правам пред работа да одам. Прашањето ми е дали можам да го сварам пример месото и следниот ден да го сварам зеленчукот и да го изблендирам така?
Mamicki mozi za rucek da dadam zolcka spanak i malce izvarka nesolena dali odi vo kombinacija izvarka so zolcka ?
Оди , да. Колкаво е детето ? Ама не знам дали ќе го држи сито само жолчка , два листа спанаќ и малку изварка . Стави и некоја житарка - кус кус, булгур или ориз пример
Предложете ми некој рачен блендер/пасатор за бебешка храна правење...имам нутрибулет ама заглавува и не е баш за употреба повеќе. Фала
Мами во оброк од 200гр колку ставате.. Урда Месо (почнав со 30гр,дали да ставам 50?) Киноа (ставив 2лажици ама некако си велам да не е многу?) Просо Овесни снегулки Јогурт или кисело млеко Фалаа вии
На 200 гр оброк ставам: Урда околку 40-50 гр. Месо 40-50 гр сварено Просо, киноа, овесни снегулки и други житарки околу 70 гр сварени , а 140 гр овошје . Кисело млеко зависи кога и со што го давам . Ако давам пример двопек и км,тогаш ставам околу 150гр и две парчиња двопек . Во палента , спанаќ, јајце ...т.е за ручек коа давам тогаш само една лажица
Женски кажете идеа како да ми ги јаде јадењата.. Посебно ручекот. Знам дека не сум Џејми Оливер ама одвај се раниме, цело време го држи во уста кога ќе му направам. А готовите кашички ги јаде со брзина на светлината. Да не е проблем што јас не ги правам толку мазни си викам.. Ама па 1г е. Ептен е депримирачки што трошам 1час за мислење што да му правам и уште пола час да му направам за на крај со готова каша за завршам...
Јаде тоа што јадете вие или друго спремаш? Зготви го истиот ручек како за вас, без или пошто е веќе година со минимлано сол за него. Било која манџа или мевце, риба, тестенини, тоа што си ручате вообичаено. Ако не готвиш за вас, тогаш види што има во готовите каши што ги сака и направи му од исти состојки дома и види дали е до тоа.
Мама голем е, може веќе да јаде од истиот ручек што вие го јадете. Оривче со златна мешавина, печени компири, пастрмка/ослич или каква риба вие јадете, цепкано телешко сам да си го џвака, макарони, пилешки џигер, проја, мафини, палачинки... Треба веќе да се учи да џвака. Моето веќе и само си јаде со вилушка.
Месец ипол после воведувањето, на 5 почна со вкусови на 6ипол со втор. Ако може да се наречат оброци 3те лажички што ги јаде едвај