Фала ви Тешко ми е малце периодов зошто идам на работа и одвај наоѓам време да му зготвам ручек, некогаш ние немаме ама тој има. Ајде од следна недела ќе пробам за нас да готвам па да му давам. Дали си има мака со 4ки не знам, ама ете некогаш кога ќе го раниме по 2часа трчам по него и одвај му пикам во уста, ја држи храната никако не сака да џвака.. Некогаш од што се инаети и држи во уста знае и да се задави. Многу пати ова со ориз ни се има случувано, јас му давам тој отвара уста и ја чува во уста храната.... Тоа е може јас нешто згрешив со храната ете не знам.
Не си згрешила, секое дете е различно. Имам братучетка иста беше мала. Ќе касне залаче, ќе го стави на страна и може да си го чува со саати и да си игра ако не и подвикнат. Она си тера нејзиното, залакот си стои во уста. По цел ден ја ранеа. Пукнувачка. Еве сега се јаде, жена од 30год Ама нервозите се големи, знам. Се надевам на твојот дечко му е само фаза.
Не мора да трошиш многу време на ручекот, има доста работи готови за 10-20 мин. Или само да насечкаш и да ставиш да се вари. Не си згрешила никаде, секое дете е различно. Ја мислам дека е најбитно да не го молиш, туку да јаде со вас. Ќе научи кога е време за јадење и нема да бега кога се сите на маса.
Na 6 meseci kako vi se orientaciono obroxite, ti sto se na ad? So eden vlveden obrok sme, koga se pocnuva so vtor?
Мамаситас бебе 7++ на ад млеко ,педијатарот ни кажа да воведиме 3оброк млечен .На ќере до 1год млечните оброци и ги правев со ад млеко а педијатаров ми рече од 8м да почнам да му ги правам со кравјо.Малце чудно ми падна,како правите вие?
Исто до година ги правев со АД, потоа со кравјо млеко. Од 7м давав јогурт, кисело млеко, несолена урда, грчки јогурт.
Мајки кога воведовте телешко и млечни и што од млечни дававте на почеток? На списокот што го имам вика 6-8 месеци што е голем опсег. Малиот ми е 6+. Моментално имаме 1 оброк веќе 3 недели, а претходно цел месец пробуваше вкусови. Кога да му воведам втор, после месец кли месец ипол од воведување прв?
Да веќе почнав да воведувам јогурт и к.млеко сега на ред ми е урда.За кравјово ми беше некако чудно,на пример ориз со млеко и овошје за вечера.Јас го варев за првото оризот со вода па додавав ад млеко,а сега педијатарот ми вели вари си со кравјо.Па ме интересираше вие кога го воведувате за во каши.
Ќерче е 5 месеца. Денес докторката ми рече да почнам со 1.банана2.јаболче3.круша 4.тиква Цел месец ова , плус да и ставам ад или молзено во кашичката оти ми е манекенка и уште некој грам фали да дуплира од родилната Да пробувам по неколку лажички, ако изрази желба за повеќе може секако. Од следен месец да се воведе оброк. Со синко како пробувавме вкусови, веднаш преоѓавме на оброк , ама тоа во Ремедика така не советуваа. Исто ми рече ако не сака, да престанам, да не и направиме отпор
Кравјо тетрапак никако не сум дала. Кравјото млеко си е за теле, не е за бебе и предизвикува забрзан раст кај децата. Од Млечни давам јогурт и павлака/кисело млеко. Урдата не ја сака, а сирење не сакам да му давам зашо е солено. Матичниот ме советува особено кога е болен да не конзумира млечни производи.
Ти благодарам,не знам зошто педијатриве сите се со различни ставови.На првото дете до година се му правев со ад и ад пиеше,е после година кашички и правев некогаш со кравјо ама ад пиеше до 2год и после престанавме со млеко.Исто ќе постапам и сега ама умов ми го измеша па ај реков ќе прашам
Исто и јас за ќере после годината почнав кравјо во каши а ад пиеше до 2год,од тогаш престанавме со млеко пиење.Не знам што и дојде на матичнава вака со кравјово од сега
Мама како мислиш така прави, не мора да се водиш по мислењето на докторот. Јас не би дала кравјо тетрапак под година.
Majki dali se dodava nesto plus kako biskviti ili nesto drugo sto mozi da se iskombinira ili se davaat samo taka pisi deka se pravat so voda ama dali odat vo kombinacija so nesto drugo ?
Само од ова сум давала, не го комбинирав со ништо. Го правев со млеко. На почетокот со ад после со кравјо.
ти не си дала, али еве има примери ко мојота шо тргнале на неполни 9 месеци во градинка па таму секој ден им даваат оброк со кравјо, не е толку страшно