И ја тоа гледам по форумот што ставаат. Ние изгледа сме исклучок. Да пиеја сокче/чајче ќе ми кажеа, плус него и да му нудиш он не пие такви работи. Доручек некогаш и баничка им даваат или кремче. Ручек стандард имаат некоја манџа со телешко, компир, грав, или тестенини нешто.
Да... Ја се шокирав кога ми кажаа. Ми кажува негувателката дека јаделе кремче за доручек еднаш, јас се чудам. Ме прашува: а дома не ли сака да јаде крем? Велам јас првпат слушам дека детево јадело крем, он нема видено до сега такво нешто.
Ја не јадам баничка и еурокрем за доручек, на бебе ќе давам. Стварно не се добри. Кај нас секој ден има млеко во некое јадење. И фини јадења имаат, не ко ние кога идевме во градинка, памтам макарони со шеќер ни даваа.
Здраво, ќе ве замолам за совет кога да го вметнам доручекот на 7+ бебе. Ручекот е во 12 часот по идеја на педијатарот дека во градинка било тогаш па полесно ќе се навикнело детето. Меѓутоа станува во 7.30 -8 цица па некако многу набрзо би ми дошле доручек и ручек. Фала однапред
Пола саат до саат после цицање сум давала доручек. Можеш во 8ипол 9 да дадеш. Ова советов не знам дали вреди да го почитуваш ако ти е тешко. Немам искуство, ама се си мислам џабе правиш ред кога таму каша попара ќе стане редот со јадење. Дома прави си по свое, таму нека си прават они по нивно.
Ти направи си ред како што ти одговара дома. Моето во градинка има еден ред, дома друг. Таму има ужинка во 10:30-11, па ручек во 12 и после спиење супа. Дома ужинка има во 12, ручек во 14-14:30.
5.5 месеци се бебуши и ќе почнеме со вкусови следна недела. Ме интересира некоја мама која доела комбинирано со ад како се организирала со оброците. Во моментот отприлика на 4 саати имаат ад а во меѓувреме цицаат еднаш или два пати зависи. После колку време од ад или од цицање дававте еден оброк? Моиве не се нешто јадачи па ми е страв дека ако им дадам прерано нема да сакаат. Или да пробувам додека да најдам добитна комбинација?
Мајки каков млечен намаз давате на бебушките? Моето е 7++, млечни уште не сум му дала но ќе треба и тоа (поголемиот реагираше на одредена храна, па сега со малово не се опуштам).
Кај мене бебе е 7++ матичниот ми кажа дека можи урда.На ќере почнав урда од 8+.А намаз ако мислиш на абц и слично мислам дека после година,бар јас така давав на првово.
Здраво! Наскоро полниме 4м, а сме на ад и планирам да почнам со вкусови.. Како го правевте радпоредот на јадење кај вашите малечки?