Никаков на 7 месеци. После годинка тоа. На 7 мес дај од млечни несолена урда, јогутр, кис млеко. Што ќе ти е намаз?!
Ни јас не сум дала ни намаз ни павлака. 11 м е . "Мора" после годинката да се јаде тоа ? Нели бива да се тера само со кисело млеко , јогурт , урда и младо сирење.. И Путер несолен користам од млечни . Едит : Дали во Србија да му дадам кајмак или не се дава на годинка кајмак
Намаз реално може да биде и урда по кремава или урда со павлака смешана или што викаш кајмаче. Јас си правам намази со урда многу често, е бебе не јаде пошто има алергија. Што знам јас би дала кајмак, ако не е многу солен, па нели полномасно стално се дава на бебе, само да не изеде пола кило .
Намаз велам за абц или такви слични готови што ги има по маркетите. Маж е 'збеснст' кајмак да му дадам, стално ни носат едни пријатели од Србија , нивен домашен , ама си велам бар годинка да наполни , а и не ми се дава од овој дома, дека замрзнат е од август месец
Дали може батат да се подгрева ? Знам дека за компир не смее па незнам и бататот дали смее бидејки и тоа е компир а нигде на нет неможам да најдам информации.
Ај уште едно прашање. Мед не планирам пред полни 2 г да давам. Истото ли важи и за Таан? Може е глупо прашањето , ама шо ме е гајле, нели наши сме си
Таан е сусам, нема везе со мед. Може. Само сусамот е алерген, по малку воведувај не давај веднаш голема количина. Едит: Е не знам дека има таан со мед, тој не смееш. јас за хумус сум земала тој без мед е.
Давам сусам, т.е од тие 4те Вида семенки што се ,нели таму има сусам. Почнав да давам по малку од нив. @Mucika и мене за хумус од фава ми треба таанот . Значи да барам Таан без мед . Боже мили , врска си немам што е Таан
Јас само прашав каков давате, ако давате на вашите, не реков дека веднаш ќе му дадам на моето! Свесна сум дека е многу рано за тоа. Благодарам за мислењето.
Мајка јас му дадов абц и зденка на 10м., не давам секој ден, ептен ретко можда 2-3 пати само иам дадено и мислам дека тоа е океј.
Не сум дала ништо од млечни, мало е, а и фамилијарно се склони на алергии, па многу не експериментирам. Дури и жолчката и некои други намирници ќе ги одложам бидејќи не сакам да си направам проблем. Таа возраст, 10 месеци, мислам дека е во ред да се воведат одредени млечни. Еве ти си пробала, си дала зденка и намаз,нема реакција, но како што велиш, тоа го правиш и ретко, не му е секој втор ден на мени.
Штом така, мислам е најдобро да почнеш со кисело млеко или јогурт за воведување млечни и најдобро со педијатар консултација како, што, количински и кога е најдобро штом имате историја со алергии.
Здраво Дали сте давале на бебе од 6м варени компир или ориз и варен зеленчук и нареден ден без загревање за кашички?
Немав намера да те навредам, туку чудно ми падна за каков намаз зборуваш (има и зеленчукови намази, купечки, домашни, од наут, од свашта нешто). Моето е год и 3 мес, уште не јаде мачкано на леб. Мислам дека е рано и дека не треба да јаде мн леб уште од сега.