Секој ден свежо. Оризот на бебе ни 30 мин отстоен не му го давам, одма фрлам (менува структура овој во прав што е, и тој мелениот исто).
Вода им се дава кога почнуваат со вкусови? Сум заборавила како беше со синко. Втор ден јаболче, вчера ја хранеше бато и отвараше усте и мљацкаше . Денес на мене нејќеше уста да отвори
Да, наше е да нудиме, нивно дали ќе прифатат. Моево еве 8 месеци направи ни капка не сака вода. Нудам со шише, со клунче, од чаша, со лажичка, само се лигави, а јаде два- три пати во ден. Ама цица многу. Се тешам што и првото исто беше, околу годинка почна и еве го сега само вода пие.
Голем поборник сум за конзумирање вода, уште поголем противник за сокови Големиов еве го 8 год.не ни посакува сок. Освен цедени и вода во огромни количества не сака друго. Се надевам и малово ќе стекне таква навика
Син ми е 5 години , за сок не сака да слушне. Сите ни се чудат , во игротека одиме он го враќа сокчето Цеден знае чат пат, ама јаде доста овошје па не му се секирам. А вода може и 2 Л да испие .
4 вида мелени семиња може да почнам по малку заедно да ги воведувам или мора секое посебно па потоа од нив да давам. Дека пројави алергија на лешник сеа и на овие им се плашам. Инаку и од хелда ми се исфрла околу устата само.
Можеш. Овој не содржи, но можна е контаминација со глутен при производството од друга житарка. Мораат така да пишат, бидејќи не се декларирани како gluten free.
многу си ми контрадикторна, кажуваш како најголем грев да е да се даде абц или не дај боже кравјо или леб, а при тоа пишуваш дека на твоето дете во градинка му даваат крем и баничка
Абе луѓе не викам дека е грев, кај прочитавте такво нешто? Кажав дека јас не му давам. А не можам да контролирам што јаде во градинката, што за другите, тоа и за него. Друга градинка за жал нема кај нас. И ако му даваат во градинка не значи дека и дома му давам.
Од каде купувате суви кајсии за бебе? Обожаваат кајсија (давам купени кашички од кајсија), но има многу рецепти за со кајсија, кај да најдам?
Јас имам замрзнато , ама во комплети ми се правени со праска . Кога ми треба некогаш само кајсија земав од Бако. Едит Купечките само од кајсија што се содржат шеќери , ако случајно Не си видела . А во комбинација со јаболко или праска мислам имаше и без додаден шеќер
Не знам зошто толкава фама се дига околу јадењето леб. Еве моето јаде од 6 месеци средина, од 7 леб со кора. Овде каде што живеам сите педијатри на контролите ме советуваа тоа на почеток, да му давам леб заради развој на моториката на устата и вилиците, плус така се научи да џвака па одма после тоа набргу почна да јаде и парчиња храна. Сега на 1г3м може да јаде и свежо јаболко и морков (секако во мое присуство). Дома гледам да купувам леб со семиња, без глутенски или некои поздрави варијанти. За ручек во градинка имаат леб со намази, за појадок пред градинка обично му правам овошни каши со житарки или сл. ама ако сме во брзање тогаш јаде и дома парче леб со намаз. Кога викам намаз, не значи секогаш оти е абц сир или крем. Може да биде и авокадо, јајце, домашна паштета, хумус, намаз од свежо овошје, мед и путер, урда, путер од кикирики/бадеми и сл.
И јас барав и не најдов кајсии органски, и си нарачав замрзнати кајсии од замрзнато шумско овошје на инста. Можеш да провериш