А сувите кајсии ги варите па блендирате? Јас па се утепав купувајќи готови, не ни видов дека шеќер имало, по дифолт викам без шеќер се бебешкиве Амарант од каде купувате?
Ако имаш појак блендер директно стави ги, ако не нека постојат 5-10 минути во вода колку да омекнат. Суво овошје не се вари.
Јас ништо не замрзнав од овошје и зеленчук за бебево...т.е само грашок замрзнав. Што можам да давам од сушено овошје а да е без шеќер? И ако можи некој табелите да ми ги пушти за намирници воведување да не чистам наназад. Фала
Имаш повеќе различни табели . Пиши табела горе на лупата и ќе ти излезат мислења со табели . Сушени овошја без шеќер имаш урми, сливи, кајсии , костен . Барем јас тоа имам видено
Мене сушеното не ми е исто како свежото, и кашичките не ми се убави. Имаш готови чисти каши, пр.праска, слива, кајсија. Па мешај со сезонско овошје. Така правев со првото дете јас.
И така се мислев да правам..ама скапо ми иди. Веќе месец и нешто така терам. Ќе купам и некое сушено овошје колку да сменам. Фала ти и тебе и на @Bubce38
Мајки од која урда им давате на вашите бепки и по колку отприлика ние сме 9+ уште не сум и дала, дали смее таа од кам во канче што е на Хомолје(пишува од сурутка).
Кога воведовте месо кај вашите бебуши? Во листата што ја имам вика од 6 месеци може домашно пилешко, мисиркино и телешко. Домашно немам, па би вовела телешко (baby beef). Малиот ми е 6++. Исто така кога можам втор оброк? Прв оброк воведов пред 1 месец. Ми се има увртено дека после месец ипол е идеално, ама па не дека има некои правила строги. Вчера пример пиеше 150мл млеко околу 16:00, ама не беше задоволен, му дадов да цица не сакаше, ама затоа пола банана ја излапа со таква сласт Некако 180мл млеко ми е многу за 6++. Иначе е комбинирано доење+ад.
Ја фрлив. Не ми изгледаше добро. А и онака не ја јаде мислев во мафини да ја ставам. Ставив кашкавалче. Бубче твојата рецета ја правам.
. Со првото дете месо дадов на 7 месеци, телешко а пилешко само од теглињата на холле, немав домашно.
јас купив од здравје радово,таква давав и на првото и ми е вака како најубава.Ја гледав таа во кам како во каначе од к.млеко ама цената беше бајаги пониска спрема оваа ако не сум грешка па затоа не зедов не знам дали чини а немам искуства прочитано
Бидејќи имав дома таква сакав да и дадам ама не бев сигурна дали е ок таа, ќе земам тогаш на здравје радово. Фала