Мајки мала помош ми треба. 6 месеци сме и ги имаме пробано сите работи до таа возраст. Имам воведено и еден оброк веќе. Е сега.. после 6ти месец следват други намирници за воведвање. Како го правите тоа? Во оброкот што го имаме секој ден по една намирница нова да воведвам или посебно како претходно по 2 3 лајчиња да проба? И кога да го правам то? Пред оброкот сабајле,измегу подои? Незнам како да се организирам... како правите вие во текот на денот?
Уште еднаш имав прочитано претходно во темава да се избегнува комбинација жолчка и месо. Зошто? Прашувам затоа што кога му прават ќофтиња од телешко, јајце (и жолчка и белка) ми се дел од намирнициите.
Не знаев кај да пишам, мислам ова е најсоодветна тема. Има ли некое друго дете како моево ,,зависен цицач,,? Има три оброци, и фала Богу јаде над 150гр. Практикувам да давам 1-1.5час после доење, ама откако ќе се најдаде веднаш бара да цица. И хгб му е понизок, па на вакцини докторката ми рече да го оставам 2ч.без доење после оброк. Научна фантастика е. Едвај дали 40мин издржува. Е вода не пие воопшто. Има ли некое друго дете вакво, да менувам нешто, да барам начини?
Повеќе е во смисол кога се дава жолчка во оброк заради железо најчесто се дава цела и премногу е ако изеде и месо. Како што не се комбинира компир и не знам ориз пример заради јаглехидрати. Јас така го сфаќам. Можда има и протеини повеќе. Во ќофтиња или еве во мусака не јаде цела жолчка сигурно, така може.
Мајчиното млеко не го попречува абсорбирањето на железо од храната, не знам зошто ти дале ваков совет. За да го појачате хемоглобинот можеш да даваш месо секој ден секако заедно со витамин Ц. Или евентуално да ви препишат сируп за железото, ако има потреба.
Од кој месец сте почнале со кашички? Нареден месец полниме 4 месеци па сакам по малце од тогаш да му давам
Мами во оброк од 150-200гр ставам 3-4 ливчиња спанаќ,дали е ок или треба повеќе-помалку? И во таа количина колку ставате блитва и колку проќељ?
Од 4 месеци почнавме со вкусови. Првен со зеленчук. По 3-4 лажички 3 дена од еден зеленчук, и така се додека не ги проба сите вкусови. После си воведов како оброк.
Јас колку што имам инф од хрватскиве групи доење, мајчино млеко не смета за хемоглобин, тоа со размак јадење млеко се однесува на ад.
Јас веднаш се консултирав со матичната, она вели тој така што ве советува да му се одземе дипломата Имаме ептен фина и опуштена докторка. Фала ви грлс. Периодов форсирам многу храна, решивме да пробаме без хемии, па ако мора ќе дадам и капки.
Толку спанаќ , 3 мали ливчиња макс, Блитва обично еден лист ставам,без жилата нормално. Прокељ не сум дала
На пареа, превкусна е, ама малку накиселува, со овошје за доручек ја давам и житарки, и за вечера сум давала плус и грчки
Печена дуња и јаболка , палента и путер од бадем ептен му се допадна. Ја давам и на пареа сварена со слива , плус банана и некоја житарка . Со круша убаво оди . Сум ја дала и со јапонско јаболко и овесни снегулки . Обично дуња кога давам ставам и некој путер од јатки
Бубче, од кај ги вадиш комбинациите, ти си експериментираш или ги гледаш од некаде? Ја за мене не научив да комбинирам намирници а не па за децата. Ќе седнам една вечер да напраам бележник од темиве, нема друго чаре.