од ракав ги вадам Се шалам Читам, а богами и експериментирам, додавам / вадам од веќе постоечки рецепти, мерам, множам делам. Тефтери еден куп, за рецепти, за јеловник, за напредување на детето... Третина од денот во кујна го минувам што се вика . Не можам да готвам за сите заедно, оти прво јас и маж Не јадеме исти работи и не можеме да се усогласиме , а не па со детево Едни мафини што направив сабајле, да му се згрози на човек да ги гледа ама он така со сласт си ги јадеше, просто да не верува човек. Па и во фемина инстаграм ги опнав Читкај си и таму и тука, има многу идеи и рецепти
Тие на Бако и после пола час киснење не ми омекнаа за да можам да ги пасирам . Тврди/ тегави ми беа , па морав со мала количина од житарката да ги изблендирам. Следниот пат ги варев малку. Овде некој пиша дека суво овошје Не се вари, ама па нели вариме некогаш компот од суви сливи ( ова за нас, на бебе не сум давала)
Пробај си ти , можда ќе процениш дека такви ( тегави) ќе може да ги жвака твоето . Мене страв ми беше да му ги дадам така
Спелта, рж, јачмен во која форма ги давате? Како цело зрно или брашно? Сеуште сме на каши.... и од каде купувате?
@Bubce38 @Knizhevnik11 сувото овошје јас го варам 2-3 минути за да омекне. Зошто да не може да се вари? Инаку, во ДМ има многу вкусни суви кајсии без конзерванс кои лесно се пасираат откако ќе се проварат малку. Овие @Bubce38 кои ги постираше се многу светли на сликата, да не имаат конзерванс тие? Сувите кајсии од ДМ се баш темни по боја.
Спелта е всушност исто што и крупник. Јас во вид на снегулки ја користам од ДМ , давав и од кутија на Холе , онаа инстант што е ама толку , веќе не земам. Р'ж во вид на снегулки земам , има разни видови Јачмен земав еден органски лупен од Зегин ,мислам Пробиос беше марката . Ама некако многу време му треба да се свари. Следен пат мош ќе барам да купам јачменови снегулки , иако мислам дека цело зрно е подобро да се дава
Не пишува дека има конзерванс , а инаку Да , ептен се светли . Не ги давам веќе ко така , ќе терам само со замрзнатите , кога ќе ги дотрошам ќе пробам да ги набавам од ДМ. Немам тука дм , а во Штипскиот на два пати ја пуштав мајка ми, немало. А според цената веројатно овие се со конзерванс , овие се околу 100-120 ден. 180 гр, колку се во Дм ?!
Здраво мајки, син ми е 4ипол месеци, почнав со воведување намирници. Минатата недела давав по неколку лажички јаболко каша. Во Четвртокот за прв пат дадов банана каша , а денес дадов и крушка. Проблемот е тоа што му се смени каката, вчера и денес ми кака темно зелена боја со слуз.. Незнам дали се должи на новите намирници или на тоа што даваме Малтофер капки а и малку е со затнато носе. Педијатар вели од капките дека е , мада веќе месец дена ги пие и досега немаше промена во столицата..Дали да го препишам ова на новите намирници или да барам подетални анализи ?
Здраво мајки, Дали ви пени и прави лига просото кога го варите? На тивко го варам ама горе слој лигав фаќа.
Da, taka se pravi. Ona sto jas go praktikuvam, go pokisnuvam od vecer prosoto, vodata vo koja stoelo ja frlam i go varam vo nova.