Ако сакаш да користиш засладувач, земи сируп од урми. Многу поздрав и од мед и од агаве и мн други засладувачи од таков тип.
Не сум го знаела ова Не давам веќе ко така . Во некоја рецепта го имав прочитано и зедов , дали 3-4 пати имам дадено не бебо. Појќе маж го користи во сутлијаш Фала ти , одма го тргам од шкафче
Моето само урма Не јаде со сласт . Ова нешто ок е , или иста работа е ко агавето ? Не дека е зорт да се користат залсадувачи , ама ај
Пробај си ја пак среќата со сирупот, не знаеш што може да донесе нов ден Инаку, еве зошто сируп од урми наспроти јаворов
Бубче може да пробаш и со маџун ако му се допадне. Ја еден ден маџун, еден ден сируп од урма од Бако му давам. Го потрошив сирупот и сега ден давам маџун, ден пауза додека не ѝ текне на мама да купи нов сируп Стварно не е зор за засладувачи, ама некад знам ептен кисела да ја направам кашата од свежо јаболко или пример 2 вишни и пример малку маџун одма враќа баланс.
Јас првично не го ни зедов за засладувач, не можев да најдам урми без конзерванс, па го зедов за да воведам урма. Ама после ми се најде ептен.
Имам јас маџун , свекор ми прави. Ама маж вика да не давам маџун . - Зошто го прашувам ? Што е лошото во маџунот ? - Нема лошо ама нема ни ништо арно ако јаде маџун . Терај без него И ај сега Ќе земам од урми , јаде моето урми , не дека не јаде , ама очигледно е дека Не му се слатки. Јас залсадувач Не ставам во кашите / јадењата .Јаде моето кисели вишни и јаболка , не "бара " да е благо Само во мафини и пупи или некој "џем" за палачинките, и во тикварник ако не е баш блага тиквата ставам . И тоа Не оти не јаде ако не е благо , туку прочитав дека ставаат па викам ај и јас да сум фенси И имав едни никакви кисели круши па ги печев со капка агаве. Шуќур ги направив компот за нас , па ми се мафнаа од глава.
Мојата се дави во тиква Ја грапчи со раце од тањир и бута во уста Мене све ова ми е чудно зошто бато и ден денес не јаде со раце , све е со лажица и вилушка, недај боже да се измаца се пресоблака одма , на секој залак се брише со влажна марамица Барем женскава да не биде таква , по се изгледа нема
Здраво девојки. Пишав во неколку групи низ форумов, веќе досадна сум ама имам проблем и ми требаат идеи. Бебето ми е 7 месеци на ексклузивно доење секогаш. Мора да го одбијам скроз од здравствени причини. Сега имаме овошна каша (доручек) па доење па зеленчукова (ручек) и друго се доење. Сега сакам да почнам да заменувам со ад подои ама ништо баш ништо не фаќа од шише ниту чашка. Месец дена пробувам. Што да му давам измеѓу оброци наместо шише ад? Со лажица некако или како? Со што да го мешам, како побогу да дадам 180 мл ад ако не е шише или чаша. Јогурт може да замена за ад оброк бар еднаш во денот? За ноќе па избезумена сум што ќе правам... Фала однапред на сите
Како бе нема ништо арно у маџун? Да не го терале сосила да го јаде како мал штом прават дома, па затоа има аверзија сега? Лично најмногу почнав да го јадам post-partum за хемоглобинот, па и на синко после му воведов за истата причина. Претходно немав јадено, а и у нашиот крај не е баш застапен маџунот, па првпат пробав кога дојдов снаа тука И да ти кажам право вкусно е, и така самостојно и во јадење / сок. Пробај, сигурно ќе му се бендиса и на Славен
Од кога почнавте со вкусови? И треба ли педијатар да прашам што треба прво, од кога треба? Утре правиме 5 месеци, кај што ја носиме на вакцина прво педијатар таму ја прегледува и ми кажа да не брзаме со храна може накај 6ипол месеци да почнам да и давам.
Мене педијатар ми кажа да почнам а и секако планирав кај и да е.. 3 недели со вкусови и од нареден месец еден оброк да воведеме. Да не ти е касно 6 ипол, обично викаат на 6 најкасно да се почне
Ќе ја прашам јас матичната, вака ако прашуваш 10 педијатри сите различно ќе ти кажат. Таа што ќе каже така ќе направам. И мене ми е некако касно 6ипол месеци.
Ние сме 5 месеци и 1 недела, до кај 6 ќе пробуваме и после еден оброк да имаме, така ми рече мене матичниот педијатар.