Ако е на доење и добро напредува точно дека не треба да се брза и се препорачува од 6м да се почни со вкусови. Ете најрано недела пред да наполни 6м, но не и порано, нема потреба. Јас така почнав со двете.
Веќе почнавте ли со вкусови? И кои ви беа први? @Maca Macka затоа ни кажа покасно бидејќи е само на доење и добро напредува. И зема крв и рече да видиме дали напредува и кога да почнеш со храна, ама сепак ќе ја прашам матичната таа што ќе каже.
Денес почнавме со јаболко. Најизменично ќе одам едно овошје и еден зеленчук неделно, ми рекоа 2 намирници неделно требало. Вака ќе терам 1 месец до следна контрола на педијатар па ќе видам како понатаму.
На 1 недела пред полни 6 месеци. Јас му давав по 1 производ на 2 дена. На 6 и пол почнавме цела овошна кашичка.
Јас скоро сите јатки (и друго категории алергени) му ги воведов до 12 месеци. Поновите истражувања велат дека баш алергените треба да се воведат порано за да се намали можноста од алергии. Кога сакам да воведам некоја храна одам на веб страната на solid starts, внесувам име на намирница и гледам како, кога, што, ризици итн.
Мене педијатарот ми рече до годинка барем да не и давам маџун Јас знам дека за имунитет го даваат, и пред да појде во градинка баш ја прашав и ми рече не Е ај сеа
Мамаситас како беше за жолчката воведување,знам на ќере дека и давав прво 1/8 па наголемував ама како беше 3дена по ред и тоа или??
Ние домашен имаме, ако имате познати во тиквешијата сигурно ќе најдете домашен. Ова со различните препораки на педијатрите стварно човек да шашардиса. На крај како те води памет мајка, ја и за хемоглобин и за имунитет го давам и пу пу супер е малиот
А зошто не се дава свежо овошје/ зеленчук до година? Не памтам со првото да имаше такво нешто. Сега се ми е некако сменето, а пред 3 години беше. @eli25 тиквата печена или варена ја даваш? И ја мешаш со млеко или вода или чиста ја даваш? Јас почнав на мојата да и давам за проба по неколку лажички, досега проба тиквичка и морков,
Zdravo majki nie sme 10 meseci i sakam da prasam dali vie na vasite soncina mu stavate vo mlekceto po malce neskvik inace sme na add Novalac i ako stavate po kolku ? Fala vi
Печена ама ја јаде таква неблендирана. Инаку матичната ми рече да додавам и млеко по малку во кашите така да можеш.
Веројатно зошто на толку варење на грозјето ништо не останува , освен шеќерот. Немам поима , ич не ми е јасно зошто толку поделени мислења има за маџунот. А гледам даваат , од нас и купуваат луѓе за бебиња / деца . Јас решив од годинашниов да не давам , од догодина можеби . КС ни е супер , во имунитет ич не сумљам , пупу
Мами од кога почнавте млечни производи (кисело млеко, урда), и месо (телешко, пилешко). Јас се водам по бебе готвач (во него месо од 8 месеци), имам и некои табели но сегде различно пишува. Ваши искуства кога е најдобро?
Многу мајки ми имаат кажувано дека давале несквик или чоколадно млеко, ама јас не би давала во скоро време.