Само зеленчук не се дава свеж до година. Овошјето можи да се дава свежо од почеток. Мислам дека на 10 месеци нема потреба од несквик. Јас на поголемата ќерка што е 5 години не сум дала до сега, не па на бебе. Прво го пиеше чисто млекото, подоцна со мед. Спојлер: Состав на несквик Состојки на какао Nesquik Составот на какао Несквик вклучува не само какао во прав, туку и шеќер. Покрај тоа, овој пијалак содржи и емулгатор (соја лецитин), сол, витамини, минерали, малтодекстрин и крем вкус на ванила. Какаовиот прашок е само 17% од овој пијалок, и на прво место во неговиот состав е шеќерот, што го прави не многу корисно. Содржината на калории од какао Nesquic е 377 kcal на 100 грама производ.
Поради хемиглобинот докторката ми рече да почнам со месо, 7 месеци и една недела е бебе. Искуства? Некако ми е рано?! Дали телешко за вкус можам да дадам од кашите од Хипп ? Па потоа кога ќе го јаде во оброк да земам месо кое сама ке го подготвувам. Пилешко немам домашно и сакам од холле да давам. Ве молам за мислење.
Јас и порано почнав да давам месо, прво телешко па после петле. Првите 2-3 пати давав тегла ,после си давав/м домашно. Ако немав домашно ќе продолжев да давам холе пилешко. Ама Не од тие каши што се со зеленчук мешани ,пошто таму има само 15-20 гр месо
И мене др ми препорача порано да почнам со месо поради низок хемоглобин. Јас му купувам свежо телешко, варам на ленти/коцки, па замрзнувам. Пилешко немам домашно, не ми се дава од маркет товано со секакви концентрати, и затоа не му ни давам.
Фала ти за одговорот. Ќе почнам со телешко, па пилешко од холе што е само пилешко. За телешко ќе најдам домашно ни пилешко мн тешко. И уште ова, дали месото се воведува 3 дена последователно или со пауза?
Јас два дена давав и го сметав за воведено. После некој ден пауза па дадов петле, па после и зајачко . Исто и мисиркино дадов во 7ми , но такво само од тегла . Не сум нашла дом мисирка
Мајки да ве прашам,бебето ми е 6++ и воведов банана,јаболко,круша,компир,сладок компир,морков,просо,палента,ориз и овес,и давам вода и овие ги правам сама дома не и давам од купечките каши и кашата и ја давам еднаш дневно околу пладне е сега што можам друго да и воведам и дали правилно сум постапила? И ако имате нкои идеи за оброк да ми пишете.
Слива , тиква , тиквица , авокадо , гриз, Секое овошје / зеленчук можеш да го мешаш со некоја од житарките
Мами со вкусови започнавме на 5++ после 2 недели полни 6 давам цела каша и сметам дека веќе има оброг. Пробавме јаболко, круша, тиква, тиквица, авокадо, банана, морков, ориз, кајсија, компир. прашањето ми е како да воведувам нови намирници? Пр давам ориз со нова намирница или ориз со јаболко, па некоја лажица брокула не воведена ? може е глупо прашањето но додека да влезам во шема.
Јас во кашата/оброкот си ставав од новата намирница . По едно ново на ден. Првиот ден помалку , вториот повеќе од тоа што воведуваш . Обично сите така воведуваат.
Kolku ml kasa davate kaj bebe od 6 meseci? Pocnavme so vkusovi od 4 meseci. Okolu 12 davam zelencukova domasna kasicka, a popladne davam ovosna kasicka i na kraj zavrsuvame so ad mlekce pred spienje. Ovie 2 meseci postepeno zgolemuvav kolicina no ne znam kolku e dovolno
Околу 120-130 гр макс јас давав , моето беше/е јадач. Бараше и уште ама го ограничував на оваа грамажа
Мислам дека треба да го смениш времето на давање на оброци. Наутро се дава овошен + житарка, на пладне зеленчук+ месо оброк. За кратко ќе треба и вечера да даваш, па нема да можеп редослед да направиш. Добронамерен совет ова само