Ние се пуштивме да јадеме кравји протеини. Кажете сега какви несолени урди, сирења, кашкавали зимате, да почнам тостови да правам.
Бебе ми е 7+ и сме на доење. Веќе имам воведено два оброка, но никако не сака АД млеко во кашичката. Пробав и со лажичка од повеќе производители, ниту едно не го сака, го плука. Педијатарот ми рече да пробам со јогурт да мешам за како трет оброк нели млечна каша. Некоја мајка слично искуство?
Ист проблем имам. Со тоа што јас морам да го одбијам. 7+ е. Си пробала со кашичките на Hipp? Има млечни каши, се прават само со вода, а содржат ад во нив. Мене проблемот ми е што измеѓу, како да прифати ад...
Како го спремате оризот на хипп? Со АД? Колку мл со колку лажички ориз? По кутијата не ми излегува. Денес ми излезе ок со 90 мл и 2 лаж. ориз, ама дури јадеше стана ептен течен
Имам две прашања Дали тиква може да се замрзни и како ? Жолчка се дава еден ден и потоа ден пауза или два дена да дадам и два дена пауза со зголемување на количина?
За тиквата не знам. На крај не ја замрзнав. Жолчка давам преку ден два со зголемување на количина. Првиот ден дадов 8минка. Следен ден оброк со месо. Наредно, 4тина жолчка Па ден зеленчук, па ден месо. Вчера дадов пола жолчка. Следно до крајов на неделата ќе ја ставам цела.
Дали може некој да ми каже кои работи не се комбинираат или не е добро да се даваат во ист ден без разлика што не се во ист оброк? Пример ако јаде ориз за доручек, дали компир за ручек или друго е подобро? Компир со житарки во ист оброк знам дека не оди, дали истото важи и за тиква? Некои комбинации што не се соодветни, пример дали смее спанаќ и месо во ист оброк? Дали км/јогурт не се меша со нешто што и да е? Колку пати неделно се дава месо и спанаќ? Педијатарот ми рече 2 пати неделно месо, но некако малку ми звучи. Фала однапред
За тиквата јас ја печам сечена на прачиња, ја замрзнувам во посебни најлончиња за да си земам за во каша.
Јас не мешам ориз и компир, тиква и банана, ориз и леб, во спанаќот ставам и месо некогаш, не давам секој ден месо некогаш е посно гравче или леќа има доволно протеини, давам јајце барем 3 пати неделно. Компир со житарки не, ориз со житарки не, тиква можи, ако ставам ориз за доручек давам и компир за ручек нема проблем.
Многу му се замараш, ама изгледа имаш време. За вас кога јадете пазиш на некои работи или не? Ако пазиш, тогаш истите припази ги и за бебе. К.млеко/јогурт не се меша со риба, не знам зошто ама се повраќа од тоа, од лично искуство. Млечно не се меша со месо, затоа што не се апсорбира железото. Кога даваш месо може да дадеш и нешто што софржи вит ц, пиперка, патлиџан, за подобро да се врзе железото. Можеш и почесто да даваш месо, јас давам скоро секој ден, ама јајце не давам ради алергии. За ориз доручек, а компир за ручек давај си. Оризот има арсен па и не мораш да го даваш ако не ти е ќејф. Житарка со компир и ориз не комбинирам, тиква да. Мешунки со житарка исто не комбинирам. Дискутабилно ми е, ама на бебе давам обавезно блитва или спанаќ со к. млеко, за мене намерно сум го одбегнувала ради железото нели што не се апсорбира со млечни во комбинација. Спанаќ со месо мене не ми оди ама може ако така си го правиш.
Фала на одговорот. Немам вишок слободно време туку едноставно ме интересираше дали има некои комбинации кои не се добри. Ете имало некои
Гриз банана и какао.. палента со јаболче....сутлијаш ориз со млеко варен и цимет..давам и овошје навечер комбинација јаболко круша со бисквитки и млеко.. бисквити и млеко..Се ова можеш да изблендаш
Od Mala beba veliki gurman znam deka koga se dava spanak (edinstveno za nego) se dava i kis mleko so cel namaluvanje na oksalnata kiselina.