Здраво, ќе ве замолам за совет како го топлите пилешкото месо од Холе? Истото сакав да го прашам и за кашичките кои содржат месо? Оние без месо не ми проблематични ама за овие некако ми е страв. Поздрав
Сите каши се топлат така што се става цела тегличка во сад со врела вода да отстои пред конзумирање. Конкретно за пилешкото можеш да го ставиш во веќе топол зеленчук со кој би го давала самото пилешко и толку.
Спанаќ со што комбинирате? И колку ливчиња за почеток? Планирам од Веро тој што е бејби спанаќ ако има сега да почнам со него.
Сега проверував евиденција што сум си водела, откако сум ги вовела сите намирници, сум правела спанаќ палачинки, а тоа е на неполни 9 месеци (банана, јајце, спанаќ, млеко и овес).
Да прашам поискусни, почнав со воведување на вкусови на 5 и пол месеци, моментално е 6 месеци и е стигната до некаде половина оброк. Забележав дека кога и давам компир (измешан со морков, карфиол,брокула било како) или и прави запек или многу густа столица. Дали некое време да го избегавам скроз компирот или да продолжам со давање на неколку дена во мала количина додека се навикне организмот?
Да даваш повеќе вода, ако одбива шише или чашка, со лажичка давај и ќе се среди за брзо. Јас и чај на Холе незасладен нудам, има блага арома.
И морковот прави запек. Намали ја количината на компир и морков во оброкот, повеќе нека биде на останатиот зеленчук. Многу битна е водата за запекот па можеш тој ден и наредниот да нудиш повеќе вода, мене тој период со лажичка најмногу ми успеваше. Исто и наредниот ден давај нешто за подобрување на столицата како просо, слива, круша. Ако ептен и прави проблем тогаш давај го поретко.
Да не знае некој дали има некој макс колку треба сок цеден од портокал да пијат? Дали постои такво нешто Јас почесто цедам периодов и малото ми се настрвува и пие цела чаша (250мл) отприлика на ден Инаку е годинка и месец
Фала за советите, вода пие само од лажичка. Земав чашка со клунче ама тешко нешто оди а не сакам од шише. Или директ со чашка ќе пробам.