Јас го давам со месо говедско варено и орис, некогаш му ставам и во овошните каши ако има банана не се сеќава, а е здраво.
Да не сте виделе некаде силиконски модли за замрзнување храна поголеми. Освен овие на НУК што се во бебе центар со некоја луда цена....
Мислам дека е многу шеќер тоа. Разреди го со вода можда1/3 нека е само портокал. Па зарем јаде после 250 мл сок од портокал?
Имам неколку прашања Сакам месо да воведам пилешко и телешко. Прво треба по малце за проба да дам или можи со зеленчук какп цела каша да дам? И колку грама за еден оброк треба да има во кашата? Колку пати неделата давате месо? И просо немам даено,како го приготвувате и во комбинација со шо?
Да, првото давање нека биде мала количина да проба и да видиш алергиски реакции. Нормално, мешаш со зеленчук. Јас по препорака на доктор давам скоро секој ден, поради низок хгб. Можеш на почеток 2-3 пати неделно. Просо најчесто давам наутро, со овошје. Некогаш од вечер го киснам, кога сум заборавила веднаш го варам, мешам овошје и толку. Просото се познава кога ќе е распукано тогаш е сварено. Моево обожава просо.
Месо може да се нуди секој ден, дури и препорачливо е, особено џигер. Просо во различни комбинации благи или солени, пример: просо, банана и мелени ореви; просо, јаболко и урма.
Ко шо памтам од воведувањето на храна со првото бебе неделно треба да јади 150 грама месо...а како ќе го распределиш ти од тебе зависи. Дали три пати по 50 грама или пет дена по 30 грама. Како ви одговара така.
Јас се дадов 6+. 6ипол, накај 7 месо. 7+ јајце уште цела жолчка ми остана. Уште малце е 8мес, давам и вечера млечна ама ич не сака јогурт/кис млеко .