Кои вкусови можеме да ги пробуваме сега? 5 месеци сме, вчера прв вкус и беше кашичка од морковче. Некое време готови каши ќе и давам па кога ќе има 7-8 месеци ќе почнам да и правам по нешто.
Џигер каков, на кој начин и со што? Од која возраст? Немам дадено уште па може ќе сака. Дека месо не сака.
Ние почнавме комбинација овошје и зеленчул. Крушка највеќе лапа а на брокула и морков се мршти . Јас давам комбинација нешто правам дома. Само пази на готовите тегли читај позади не се сите 100% чисто овошје и зеленчук
А кои се 100% чисто овошје и зеленчук да зимам такви? И кои поточно овошје и зеленчук можеме сега да вкусиме?
Од хип крушка и јаболка, од бејби лав морков и од хип слива со јаболко сме пробале, можеш на декларацијата да видиш . Треба да пишува 100%, некои содржат скроб. Јас одам со список од книгата бејби готвач.
Здраво мами, денес наполнивме седум месеци бевме на педијатар (редовна контрола), ме искара демек сум каснела требало веќе да сум дала месо и млечни производи, ми рече и жолчка да воведам ( јас дека по бебе готвач се водам па се некако рано мислев дека е), исто ми рече може да сум давала и животинско царство.... Совети за ова, дали може новите вкусови во втор оброк да ги давам околу 1-2 часот. Од каде да најдам телешко и пилешко чисто месо за бебушите?
Животинско царство Можеш да даваш нови вкусови за време ручек, околу 2часот, за да имаш време во текот на денот да следиш рекација.
Е ајде де, се запрепастив, уште па и крива испаднав сум каснела, ко мислиш една година се бебињата а јас ни месо ни ништо не сум дала...
Животинско царство ќерка ми сеа проба на година+. Телешко и пилешко јас од Веро зимам. Кисело млеко и јогурт на Бучен козјак
Педијатарот ми даде листа со овошки, по тие вкусови ќе почнам, сите по 3 дена, и после комбинации, па ќе преминеме на зеленчук. Туку, во каква положба ги ставате додека јадат,5м бебиња? И дали кашичка готова, ако му дадам сабајлечки 2 лажички, можам и попладне од истата?
Ќе може да ми го сликаш листот? Јас ја ставам да седе секако не седе многу време и давам само неколку лажички и давам по малку.
Еве ти предлог за млечни производи проверени.. https://www.facebook.com/VistinskoMleko/?mibextid=ZbWKwL
Мајки, баравме мевце зајачко, добовме цел зајак. Кажете ми како го спремате месото, претходно се става во нешто да отстои, или веднаш се вари? @Bubce38 ?
Се друго ок ама животинско царство?! Глеј најди си друг педијатар. Ќерка ми има 16 месеци чоколадо нема каснато. Што ќе им е чоколадо на 7 мес....свашта по докториве