А тебе логично ти е толку мало дете да јаде толку цврста храна? Мене не, па и не знам кој доктор да ми каже, не би го послушала. Мојата на толку месеци имаше еден оброк (доручек), па еве супер напредува, си ја триплираше родилната тежина, јаде се', парчиња, пасирано, а не ја брзав со оброци. На скоро 10 дадов вечера. Во однос на исхраната, одлучував за се' сама, ми помогна доста и хрватската група и тоа беше. И мене ми рече на вакцини педијатар кога беше колку твоето да и давам вечера, не ни помислив. Види ја и ти групата, исто и мала беба велики гурман на инста, па размисли си.
Мајки, со што давате несолена урда на бебе? Како ја комбинирате? Сакам да почнам со млечни, па да си направам некаков распоред, а и да знам со што можам да комбинирам. Ви благодарам.
Може ќе ви се банални прашањата ама ова воведување оброци,храна ми се гледа најкомплицирано досега Бебе е 6 и пол месеци, доручек нудам ама јаде по 60-80 грама што значи тоа млеко не можам да и го скратам (а и не го пие цело). Од друга страна, дали да нудам и ручек? Во однос на млекото, од 5 оброци млеко едно и е 180 мл а останатите и се по 100-150 мл. Ми треба некој магичен совет како да тргнам барем едно млеко за да имам барем доручек или можеби некаде грешам
Добив препорака за солен путер во зеленчуковите што ми е чудно,за син ми ми рекоа мислам после годинка. Вие давате? 6м. е бебе
Ех значи да се чудиш. Ќе си терам како со синко, од Ремедика табелата Исто ми рече и рано сум давала доручек, кога ќе стане и давам тоа е накај 8,8.30ч.бидејќи само тогаш го јаде цел, потоа и се приспива, па излегуваме по бато од градинка и се ми е на брзање и не го јаде цел оброк …
Прво го користев тој од ДМ, dmBio потоа продолжив со тој што го користиме секојдневно и ние. Најчесто овој.
Па нели млечни после 7,8 месеци… Кој како сака така си кажува значи. Да се вмешам за овесот, овие од Зегин ги земав.
Што кашички од зеленчук смееме да вкусиме? Имаме 5 месеци. Од зеленчук пробавме само морков, од овошје јаболка.
Ми рече и да почнам свежо овошјето да го давам, за син ми знам подолг период го варев /печев ? Нели е мала (6 м.)?
Моето е 8++ и сеуште му го варам она овошје што е потврдо. Твојата е малечка, вари или печи и блендирај, помазни се така кашичките и повеќе ги сакаат, барем додека да научи убаво да голта.