Искусни мами, ајде помош... Која количина максимално треба да јадат бебиња со воведен 1 оброк, 2 оброци и 3 оброци...или количината се определува според возраста? Што правите кога бебето нема да ви бендиса некоја каша? Давате нешто друго или надокнадувате со млеко? При воведување на месо, исто треба по 2 или 3 дена прво помала количина па се зголемува? И колку пати неделно се дава месо на почеток? Дајте трикови за преминување од блендирано/пасирано кон парчиња. На колку месеци го напраивте прелазот?
И јас на почеток додавав обавезно батат, морков и тиквичка, го јадеше така. А, сега си обожава месо како и да е комбинацијата.
Mlecni prozivodi od koga ? Skoro 7 e maliot, tek vcera pocnavme so malku meso, pilesko od hole kasicka. Sto se voveduva na 7 meseci ako moze da spodeli nekoj?
Денес баш воведов прв пат кисело млеко а за некој ден сме 7 месеци. Ми дозволи педијатар. Мислам на 7 можиме и јогурт,месо пилешко телешко,пиперка црвена,цреши,вишни,карфиол...ама нека сподели некој искусен
Мајки, идеја за вечера на скоро 8 месечно бебе? Сега јаде од млечните кашички на Хип и Холе, оние што се за 6+ месеци, но би сакала да сменам ама не знам што. Исто така, сакам да дадам грчки јогурт ама не знам како да го искомбинирам, дали за вечера или можеби за ручек. Предлог некој што давате вие и како?
Јас никогаш не се водев по грамови. Со парчиња почнавме од старт и се стремев колку можам да биде тоа ист оброк со нашиот, нормално прилагоден соодветно за возраста. Тоа значи дека колку јадела толку и е, замена нема. Мојата цица/ше па не можам да ти кажам колку млеко пиела, ама во суштина често знаеше да задоволи глад со цицање и тоа е во ред. Во принцип 1 оброк имаше до кај 7 месеци, а на 9 негде почнав со 3 оброци, измеѓу цицаше, околу година почнав и со ужинка и скратив дневни подои. Па, за секој од овие оброци сум сервирала можда по 200-300гр, а она јадела 30гр. Али ок си е детето, нешто сега можда серумското да и е ниско, ама хемоглобинот е ок. На семинарите од Лулка, д-р Денис викаше дека на бебе му се дава да јаде колку сака, 5,10,15 лажички. Не сум искусила како е да бебе отвара уста цело време за јадење, мислам дека сепак регулираат ситост и кога нема да е гладно нема да отвори уста. Ова сепак можда е поточно кога бебето само се храни отколку кога друг го храни. Ама еве, мојата јаде некогаш сама, некогаш и давам и кога не сака веќе ја врти главата, стега уста, фрла, а и знаковно некогаш покажува кога е готова, ги крева рацете нагоре. Не се замарај со количина многу, терај си по детето. Ако не се лажам близнаци имаше? Може едното ќе јаде повеќе од другото и тоа е нормално. Месо дадов рано на 6-7 месеци, можда од кај 9 месеци веќе и секој ден имаше, ама јајце не јадеше. Ни месо не мерев, од око гледав негде да е 1/2 или 1/3 од оброкот. Со парчиња одма почнав, пинцета фат негде на 9 месеци почна да користи поубаво и отприлика тогаш им даваат парчиња. Ќе почнеш со мека храна што може да ја згмечиш со среден напор меѓу палец и показалец, да не е ептен раскашавено или претврдо. Или па ќе земеш смоки, бисквити, тие се растопуваат во уста. Лино смоките ми се мене фаве.
Фала многу на деталниот одговор. Да едното дете јаде што му дадеш колку му дадеш, уста не затвара и не сакам да му давам превише, сепак 6 месеци се, само што воведовме оброк. Другото ако е нешто што сака ќе си изеде една тегличка од 120 а ако е слива не знае колку му е доста арно ама на зеленчук се мачиме и се молиме за пола тегличе да изеде. И не знам што во такви ситуации, дали да пробам покасно, дали да дадам да цица дали ад. А тек кога ќе стигнеме со поише оброци ја вака не знам да се организирам
Директно ги киснам во јогуртот. Не ги блендирам. Ама можеш и мелени во јогуртот или прво варени/киснати во вода, се зависи колку густо и каква текстура јаде бебето.
Јас уште не знам како да се организирам со едно, само леб јаде. Зеленчук на 6 месеци нешто и ќе каснеше, сега не. Овошје знае како смути да пројде и тоа е тоа. На 6 месеци некако си мислам тие што не јадат, повеќе би јаделе парчиња, ќе осетат текстура, ќе видат боја, ќе разликуваат вкус, тоа ќе ги фасцинира, кашите мене никогаш не ми биле вкусни. Од себе тргнувам, попрво би изела башка брокула, компир и пиперка, него сите изблендирани. Тој период уште не знае што е храна, учи, истражува, не форсирај многу, може контраефект да направиш. Ако не сакале ручек затоа што не биле во моментот гладни понуди пак за пола саат, ама ако не сакале затоа што не им се допаѓа тогаш оброкот завршува, исто како да се најале. Млеко минимум 40 мин до саат после оброк, за да не поврзат дека ако нешто одбијат ќе си добијат замена па и уште млекце.
А што е со бебе нејадачи? 6.5 месеци, конечно стигнавме до некои 50-60 гр. се надевав дека барем еден оброк ќе се воведи с сега почна скроз да одбива, не сака ни да проба. Пробано и погладна да е, не сака па не сака си го чека млекото и уште понервозна е. Совет? Или само да се чека да и помине? Ништо досега не ме вадело од такт како ова со хранава....
Ај мајки совет. На 5 месеци и 1 недела воведов јаболче. Имапе проблем да се искака и болки во мешето, не престана да плаче. Прекинав со вкусови. После 2 недели пробав со слива по препорака на педијатарот. И морков воведов, нема мака. Повторно дадов јаболче во комбинација со слива и повторно се мачи со какањето. Можно ли е јаболчето да прави проблем на мешето?
Majki moze li nekoj raspored da napise za eden obrok, dorucek i ostanatoto mleko AD, kolku mleko vi pijat so eden obrok i vo kolku saat, ili so dva obroci i vo kolku saat
Да не се погодило случајно… Мојата баш кога јаде јаболче кака лесно. Следи па ќе видиш. Јас и го печам , пробај следно така