Мами може ли од ова сирење за бебенцата И одкако ќе се отвори колку време може да стои во фрижидер или треба да го замрзнат?
По колку грама треба да биде еден оброк? Кога се воведува ручек и вечера? Кога се даваат парченца храна? Бебе е 7 месеци има само доручек по 150 грама одрпилика
Втор оброк препорачуваат месец-месец и пол од првиот. За третиот исто месец-месец и пол од вториот. Парчиња можеш веќе да даваш соодветно спремани.
Битно ти е дали е сирење или урда? Мислам дека има ова доста сол, јас би те советувала урдата од канче од Кам да ја земеш, знам по состав е без сол. Мислам прв избор би ми било тоа за млечен производ, нормално, ако веќе нема швоведено.
Почнуваме после Божиќ. Таман 5 ипол месеци. Сега ќе купам тенџере на пареа, чинија и лажица. Какви зедовте? Ги гледам бамбусовите? Вреди ли да дадам толку пари?
Јас добив препорака наутро да дадам овошна со житарка, нормално. Ручек зеленчукова, бидејќи одбива млеко дење. Ова да го правам од сеа, скоро 6 месеци.
И јас почнав тоа да гледам моментално нарочито блендери.. дали бебешки на пареа што ги фалат или обичен како сте задоволни како спремате? Нутри булет ви врши ли работа… јас добив подарок уште не сме ги шробале а силиконски гледам доста нарачуваат од кидс&со
Мајки ние сме 7 месеци,овие дена воведов и ручек(малце со молење дека зеленчук ама то е) е сеа вака ни е отприлика распоредот во денот. Станва цица + ад од 100 до 120 макс ги пие, после каша јади сигурно 150 до 190грама овошна со житарки или палента,после пак цицање и ад иста количина ко претходно,па каша ручек 100 до 120грама зеленчук со месо 3 пати неделно планирам, и сите наредни јадења ни се цицање со ад,одприлика дури да легни уште 2 пати јади,во текот на ноќта станва еднаш или ниеднаш за цицање. Шо мислите океј сме или е малце?
https://www.hipp.mk/dopolnitelna-is...c/hipp-zelenchuk-so-oriz-i-pileshko-al6253-u/ Дали се дава оваа кашичка од 4+? Нели со месо се почнува од 7
Бројките на кашичките се за конзистентност на самата кашичка, што помалку месеци пишува, тоа помазна е кашичката...не се месеците водич за воведување зошто ако одите по класично воведување по табели, домат нема никаде пред 8 месеци @TinnaMinna
Каде купувате овесни снегулки или каша за 6 мес бебе? На сите што ги видов пишува "може да содржи траги од глутен".
Тие траги се опасни само ако бебето има целијакија. Најчесто и немаат траги, но мораат да означат дека не се безглутенски бидејќи се прават во фабрика/погон што изработува и други производи со глутен. Инаку декларирани имаш во Зегин, ДМ, Белина и поголемите маркети и продавници за здрава храна.
Мајки ај еден совет. Пред недела дена почнавме со месо, арно ама и претходно едното бебе не ги сакаше зеленчуковите каши (па ставам јаболче, јаде колку толку), сега со месо уста ич не отвара... Што да правам?!