Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    5.087
    Од 6 месеци и давам парчиња и тогаш повеќе ставаше во уста него ли сега на 13 месеци. Ова Анароз што вика у тањир дур си игра да и ставам овошје е научна фантастика за нас. Овошје протнувам само како смути.

    Јаде сега на година сама ама минимално, многу ретко ми дава јас да и дадам, ми се трга. Сите деца се различни. Нуди и постојано. Еве од 6 месеци нудам краставица, денес прв пат проба. Младо кромидче на зезанција и дадов пред некој ден партал го направи ама веќе не сака. Многу менува, таман сум рекла се разјаде она уста не отвара, фрла или ќе и направам палачинки и и викам еве ти вечера што знам дека нема да ја изедеш и она зема 3 од еднаш. Оди разбери. Од прибор се откажав. Чорбесто и кашесто немам начин како да и дадам, најчесто од манџата и вадам зеленчукот и мевцето на парчиња и тоа јаде, грашак го јаде зрно по зрно. Не ми е јасно како се најадува. Лепче мислам дека нема шанси да не го јаде сама, тоа си пробала? Дај и една кришка цела и види што ќе прави.
     
  2. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Мајки кога најрано воведовте вечера? Мојов црцул почна да си бара последнава недела и вечера/ужина. Инаку е 7+++. Ручек му воведов пред 1 месец. И вака ни изгледа еден ден со оброци.

    7:00 будење.
    8:00-8:30 формула 200мл
    10:30-11:00 доручек, овошна каша
    14:00-14:30 ручек, зеленчукова каша
    17:00 формула 200мл
    18:00 некогаш и порано веќе кенка и сака јадење. Му давав бананче или оние кашите што се шмукаат ама малку му е сака уште. Вчера пример изеде една таква плус овес со јаболко млечна каша на хипп (вкупно 250гр).
    19:30-20:00 цицање
    3:30 формула 200мл

    Сума сумарум има 4 млека (формула и 1 цицање), 2 оброци и сега третово дали да го воведам како вечера или?
    Знам дека не се расте дете по книга, секако мислев да почнеме со вечера за 2 недели, ама како што го гледам му се јаде, валда не е прерано за 3 оброци а уште нема 8 месеци.
     
    На Eli23 и Freckles. им се допаѓа ова.
  3. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    4.832
    Наут кога се дава?
    Никаде не го најдов по табели.
     
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    5.985
    Пол:
    Женски
    Окулу 11 месеци беше, баш тука читав колку јадат и што се јадат малите на таа возраст и малце уназадено се чувствував, ни леб ни ништо до тогаш му немав понудено, после почнав, мафини, палачинки, проја. Исто моето само во рака ќе го дробеше и ќе го гледаше, почна да става во уста откако една недела по ред седнувавме и мене ќе ме ранеше, па после јас му го насочував рачето негово до неговата уста. Сега веќе шмата сам, само не си ја знае границата, ја преполнува устата и после плука :D


    Таман ти е еден месец после ручек да воведеш вечера.
    Јас почнав 5 месеци со исхрана и негде на 8 месеци имавме вечера.
    Пробај само вечерата да е нешто млечно или зеленчук.
    Јас на почетокот вртев овес со јогурт, палента со кисело млеко, или урда, остатоци од ручек, а за чудо гриз ич нејкеше.
    Тогаш знам му давав формула после прва дремка негде окулу 1 па ручек, па вечера ( без млеко измеѓу ) и за заспивање млеко. Така што за да се најаде повеќе на вечера јас би го сменила млекото во 17 со вечера цел оброк.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Дали се смета дека е воведена белка ако ја пробал во кифлички и макарони?
    Или плус треба постепено да ја воведам варена?
     
  6. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    6.418
    Често среќавам совет детево ќе ти покаже кога е спремно за воведување нов оброк. Како тоа покажуваат? Моиве се 6++++, имаат еден оброк неполн месец и не сум сигурна кое е право време да им воведам втор. На два пати попладне им давав каша да видам дали ќе јадат и личи дека се спремни и дека сакаат ама да не е рано? Плус едново ми стагнира со килажа, скоро месец дена 100г има качено, а јаде од кашите колку му дадеш, и 170 грама има изедено плус цица, плус ад. Дали е попаметно да им воведам втор оброк и да им давам по 120, 150 грама? Знам дека е муабет за педијатар ама матичнава им е некако олд скул, не сум сигурна дека гледа индивидуално него дава ист совет на сите.
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    122.446
    Пол:
    Женски
    Се смета воведена :)
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    9.739
    Бисквити за бебе без шеќер има ли?
    Хип имаат како што видов.
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    264.153
    Сега ги читав прирачниците кои ми ги дадоа за воведување храна од болницата. Во вторник ми доаѓа патронажната.
    Да споделам, пишува ако бебе е гладно после доење или ад, време е за цврста храна.

    Се почнува со зеленчук во 5-6 месец, и истиот се продолжува со месо и компир. Во 6-7 воведуваш риба, па овошје со житарици. После 6 месец можеш да користеш маслиново. Исто воведуваш и јајце.
    Овошје строго некаде при крај.
    И храната ја воведуваш за време на ручек, со цел прво да се замени ручекот и тој е обично нели зеленчук со месо.
    После е вечерата и на крај појадокот.
    Тоа е според последни препораки.
    Парчиња храна воведуваш од 8 ми до 10 ти месец.
    Храната се спрема на пареа или во малку вода се вари, колку да омекне.

    Јас почнувам утре. Се мислам дали со тиква или морков. Ќе видам како ќе ми предложи и патронажната. Ќе се консултирам и со матичната, имам во среда преглед за синко, дали да дадам брокула.
    Инаку за грав, грашок, леќа пишува да се само во помали количини.
    Почнуваме со бело месо, па потоа црвено и наследен месец риба.
     
    Последна измена: 8 јануари 2023
    На LaDyDoLl, velesanka и le.soleil им се допаѓа ова.
  10. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    7.017
    Пол:
    Женски
    Овие ги гледав во дм, ми се чини немаа
     

    Прикачени фајлови:

    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    2.482
    Ова вака го кажуваше и Александар Сајковски од Систина на 0+ емисиите.
     
    На Srcka28 и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    264.153
    Поправив погоре, ручек, вечера и појадок на крај.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.065
    Допаѓања:
    42.748
    Пол:
    Женски
    Некоја членка пиша дека тие со вкус на јаболко што се не се со шеќер.
    На хип мене ми се ептен благи, а камо ли на бебе :)
    Лино имав и тие се со шеќер ама се помалку благи .
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.433
    Извини во Германија ли живееш? Јас живеам во Германија и ги добив овие препораки т.с само еден лист од матичната на кој пишува првиот оброг да се воведе ручек 100г зеленчук, 40-60 г компир,30г месо и масло. Втор оброг 200г млеко 20г жито овошен сок. И трет оброг жито со вода и овошје.
    Јас не разбирам втортиот оброг треба да биде вечера или појадок така без овошје приготвено само со вода ? Еве може некоја друга мајка живее во Германија па може да ми разјасни .
    Овде контроли нема секој месец па неможев да прашам кога започнав со оброг.
    Јас комбинирам овошје , зеленчук , житарици, но ме интересира конкретно како се препораките. И во секој оброг треба да има компир?
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    264.153
    Не сум во Германија, ама очигледно одат со исти препораки. Има разлика млечно житна каша и овошна житна каша. Овошје вели на крај, втор оброк е вечера, би му дошло млечно житна каша.
    Пак ќе прашам и ќе споделам. И за компирот исто ќе прашам.
     
    На kikikikirika, velesanka и joana18 им се допаѓа ова.
  16. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    1.521
    Пол:
    Женски
    Мислам дека само овие беа без шеќер. Имаше и едни нови во ДМ ама не знам за од која возраст и немам видено баш состав.
     

    Прикачени фајлови:

  17. Majaaaaaaaaaaaaa

    Majaaaaaaaaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    59
    Утре ќе дадам прв пат жолчка. Со што да му ја искомбинирам?
     
  18. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Со банана, една четвртина жолчка со малку банана и продолжуваш со другата овошна каша
     
    На Majaaaaaaaaaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    2.482
    Се спремам за почнување, од што им давате да пијат вода? Обично шише (имам на авент и медела, претпоставувам авент би требало?) или нешто дополнително да купам? Дали чашка, шише со сламка? Ми изгледа дека мал е за тие
     
  20. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    5.792
    Пол:
    Женски
    Можеш шише, можеш отворена чашка, можеш со цевче, можеш магична... Што прифати тоа.
     
    На JuLleE и velesanka им се допаѓа ова.