Сакам да почнам со вечера млечна каша , но не сум пробала млеко . Таа е само на доење а неможам да молзам . Дали треба претходно да пробам млеко за да не случајно навечер ми покаже реакција? Значи млеко со најголема масленост само 100 мл е во ред за приготовка на каша. Јас живеам во Германија овде препораките се да се воведе ручек, после 4 недели вечера млечна каша со многу малку овошје и на крај доручек.
Прво дади млечно во текот на денот, за да следиш ако има реакција. А адаптирано не ти е опција за кашата?
За почеток имам адаптирано готово 200 мл аптамил. Па незнам нели една кутија треба да се потроши за 3 недели, незнам дали ќе се потроши да не фрлам само.
Имаш и помали паковања адаптирано. Пример бејбилав млеката се по 250 гр. Во секој случај се подобра опција од тетрапак млеко
Бебелан е 400гр кутија, една од помалите. Бејбилав мислам дека се најмали по 250гр. Ѕирни на Хипп не знам колку гр се, не памтам Аптамилот 800гр се?
Кога се воведува жолчката од јајцето се правеше пауза во давањето? Пример еден ден осмина па пауза па следниот ден пак осмина? Сум заборавила
Има ли некој бебуш што нејќе банана и воопшто овошје? Само зеленчук дај и. Компир , компир цел го јаде . Евентуално јаболче и слива од тегла каснува. Авокадо и бататот го сака. Ама ако има банана или круша, устата де затвора и дури нејќе ни да се насмее кога ја смееме да не и бутнеме каша
Ти благодарам сега гледав онлајн , бејби лајв 5 е 500 г на хипп 600 г околу 10 е, аптамил 800 г е поскап. Сепак во продавница ќе видам помала грамажа дали има.
На почеток и кај нас беше така, од банана дури и повраќаше. Со овошје немав проблем, имав замрзнато свежи праски, кајсии се изнајаде бебе. Сега сум ограничена ама се трудам да правам комбинации. И к.млеко на почеток се мрштеше не сакаше да проба ама сега си јаде. Е на моево бебе месо и жолчка давај му, цело време мислам може да јаде. Деновиве и риба сакам да му дадам.
Бејбилав се во кутија 2 ќеси по 250 гр, хип 2 по 400 гр и ДМ био е исто супер млеко 2 ќеси по 300 гр.
Пред половина година и холле беа по еве пакувања од 300 грама, сега тројка купуваме и е едно големо пакување.
Мојава почна со цврста храна од 5 ипол, цел оброк уште нема. Сака да држи во раце, да гмечи и да стиска. Кога и давам кашичка, ми ја зема лажичката и сама бута во уста исе мачка само. Пола мала тегличка до сега има изедено на едно јадење. И тоа брокула . И јас приметив дека овошните не ми ги сака, повеќе јаде од зеленчуковите, ама па дека и не јаде сеуште како што треба, си мислев дека умислувам. Ама ќе пробам деновиве зеленчукови да и давам само, дали ќе јаде повеќе. Дека и компирот и морковот прават тврдa столица, па немам што многу да комбинирам, а да не е само тоа. Банана, тиква, па ич неќе.
https://www.dm.de/dmbio-polenta-mai...MIwPnskv7B_AIVh_h3Ch0L6AfSEAQYAiABEgKAPfD_BwE https://www.dm.de/davert-polenta-2-...MIwPnskv7B_AIVh_h3Ch0L6AfSEAQYBCABEgIHpvD_BwE https://www.dm.de/dmbio-getreidebre...MI4MvY5_7B_AIVQvp3Ch0Q1Al0EAQYBCABEgISHPD_BwE Ве молам просветлете ме , што е разликата помеѓу палента и гриз еве конкретно помеѓу овие.