Гриз е структурата на житарката, може да биде од разни житарки,: пченица, спелта.. Палента е од пченка, а за гриз најчесто викаат за гриз од пченица.
Каква алергиска реалција може да покаже глутенот? Ако се исфрла на лице дали е тоа веднаш после јадење или може и во текот на денот?
Веројатно е од храната штом се јавува по јадење. Исфрли тоа што мислиш дека предизвикува ваква реакција за да провериш. Можно е да има алергија на пченица, но не верувам дека е од глутенот. Глутенот дава повеќе проблеми со системот на варење: болки во стомакот, надуеност, диареа, односно интолерантност, не и алергија. На моите вака и се правеше од пестицидите на овошјето, пример не беа алергични на јаболко, но од јаболко купено од пазар имаа реакција. Ако не си пробала, пробај гриз од спелта, во ДМ го има. Или пак пробај го гризот што го имаш со некое овошје што го имаш органско (ако го имаш) или со готова органска каша во комбинација.
Ти благодарам , вчера беше со комбинација органска круша и пола обично јаболко. Незнам денес дали да дадам повторно .
Земи од ова, готово е, јас ова го имам резерва дома и некни испила околу 150 мл плус 120 мајчино. Види само колку смее во фрижидер да стои, мислам еден ден може, па еве за два оброка. Инаку некни јадеше морков и тоа повеќе, плус ад и цела вечер не се разбуди. Не знам дали е од што е болна или од што беше најадена. Многу чудно. Млеко имам јас, молзам наутро по 120 мл од една града. Сега ќе јаде тиква, вчера не сакаше ама имаше температура. Утре сакам брокула ама ако најдам домашна. Има чиста како купечка каша? Некни не најдов во ДМ.
Да го имам истото само ПРЕ, пробав не сакаше да го испие. Кога бевме во мк два пати и даваа кога не бевме дома пиеше без проблем. Ова нема смисла станува на секој 2 часа да цица. Буквално новороденче а 7 месеци е . Кај вас колку стануваат ноќе?
Подобро дај нешто друго на што не реагира, па по неколку дена дај пак од гризот со крушата пример. Иако мислам дека е од јаболкото.
Од кога можам да и воведам оброк? 6 месеци сме. До сега имаме пробано морков, јаболко, круша, тиква, брокула, ориз.
Што зеленчуци може да давам за вкусови? Матичната ми е на одмор, инаку таа ми кажа за овошјата, малиот прави 6м неделава.