Ние почнавме со вкусови , до сега дадов јаболка и морков , ама многу тешко ни оди , не сака , плаче се трга , неколку лажички едвај ,како почнавте вие со воведување вкусови , да не правам некоја грешка ??? Сабајле станува , цица , после два саати и давам кашичка .
На почетокот сите не сакаат да ручаат каши, тоа им е ново, непознато. И ние се учиме, некоја кашичка ја каде некоја не, се учиме полека.
Давај пола саат-саат после цицање, да не биде штотуку најадено и да не биде премногу гладно. Кога се гладни знаат да протестираат и одбиваат да пробаат. Ова за првите вкусови,, додека се запознава со немлечна храна.
Мами ве молам за идеи за една ужинка.Бебе е 9м јади 3 оброци ама млеко преку ден пија само еднаш и педијатарот ми рече да воведам ужинка.Што давате вие?
Најчесто овошје, бисквити, пудинг, некоја кифла, овошен јогурт, мафини. Напиши ужинка на search ќе добиеш многу идеи
Фала ви,уште да ми кажите кога ја давате ужинката на пример доручкува во 9 овошна каша со житарици и по 2,3 часа пие млеко а после 3часа од млекото му е ручекот.На местово од млеково да му ја дадам ужинката?Дали ќе биди сит така или ќе јади на секој саат
Да, на местото на млекото. Зависи колку вкупно млеко пие, колку е активен преку ден некогаш бара и плус јадење ако здогледа нешто или ако ме види оти јас јадам па му давам нешто ситно плус. Со ужинката му давам и вода или ретко сок/чај, некогаш ако јаде мафина или пита некоја му правам и 90мл. млеко плус(не го пие цело). Воглавно за трите главни оброци имаме ред, измеѓу за ужинките никогаш не се знае дома, некогаш ако се зауспие и нема ужинка.
Откако почнав со воведување намирници, не сум застанала. Скоро секои 2 дена воведувам ново по ред. Да не треба да паузирам? Маслиново и кокосово како ќе воведете ? Капнато во каша без други нови намирници?
Не треба пауза. Правев само 2-3 дена пред и после рота вакцина. Т.е со првото не давав нов вкус за викенд, ако е прв ден бидејќи најчесто бевме некаде и да не трчам по болници или барам аптеки. Со второто не внимавав на тоа. Маслиново ставав во зеленчуковите кашички, прво по некоја капка, потоа максимум едно кафено лажиче. И тоа го сметав како нов вкус, не давав тој ден ништо друго што е ново. Кокосово масло дадов покасно во мафин некој, ама претходно имав воведено кокос преку шмукалче.
Батат и компир кога? Вчера не беше воодушевена од карфиолот, уште немам рачен оти се мислам кој да го купам, мислеш кола купувам. Денес карфиолот поцрнел, нормално од пазар е и не стои. Имам батат домашен, портокалов и темно виолетов, ама кога се дава он? Сега и варам цвекло, да видеме што ќе каже Утре компир ќе и дадам и после месо. @Eli23 мене и патронажната и матичната ми кажаа веднаш маслиново, ама јас сакам барем некој вкус да воведам па после. Планирам овие денови, имам домашно и ќе ставам на крај при готвењето. Туку колераба давате? Овде прво тоа ми го набројуваат Купив јас, ќе и дадам.
Можеш да дадеш и батат и келераба (ако мислиме на истиот зеленчук). Исто можеш и маслиново да додаваш во секоја зеленчукова кашичка. Карфиолот за да не ти потемнува можеш да го бланшираш и замрзнеш. Рачен блендер јас имам од Делимано, задоволна сум.