Мајки знам многу глупо прашање ќе поставам ама се надевам ќе ме сватите и одговорите. Ко ќе правите каша домашна пример од 190грама да е,компир брокула и тиква ете да речиме да има, по колкава количина од продуктите клавате? Колкав компир,колку брокула...? Дали додавате вода? Пошто јас во нутри булет блендирам се и за да ми дојди како каша потечно мора и водичка малце(од таја шо се вареше компирот). Како правите вие?
Можеш, мене ми беа меѓу првите @Eli23 од 6 давам маслинов по една капка, убава текстура прави Кисело млеко беше 7 мес. или 8.?
Сакам дома да му правам кашички. Немам домашно ништо. Да ставам во сода да отстојат, па да давам? Купечките не ми ги сака некако, и големата не ги сакаше.
Со зеленчук нема да имаш проблем, има голем избор. Ама овошјето е доста ограничено. Јас имав големи количини замрзнати овошки, ама при крај сум, од некои веќе немам. Пр.праската ја потрошив а ја обожаваше, па купувам готова тегличка чиста каша и мешам со др овошје и житарка. Не експериментирам со вон сезонски овошја, подобро секој ден да јаде јаболче отколку третирана слива на пример.
Да, со вонсезонски ни јас не експериментирам. Но еве јаболко да земам од пазар мислев. Претходно да го ставам во сода? Банана каква? Кашичка готова или дома си блендираше?
Јаболко од пазар, сега им е сезона. Не мијам со сода, само со вода и после го лупам и го варам. Бананите се секогаш исти . Јас гледам да е позрела за бебево, не знам зошто. Праски, сливи, цреши, кајсии, круши, црвена и зелена пиперка имав домашни нетретирани замрзнати. Се изнајаде бебе. Сега праска купувам готова кашичка, пола на пр.ја ставам во житарка и др овошје, крушка,јаболко, банана. Пр.завчера јадеше гриз, крушка сварена(изблендирано тоа) и само додадов пола готова кашичка од праска.
Ова е растително сирење,не емлечен производ, башка е солено, не би ти препорачала да даваш на бебе, земи несолена урда или несолено ситење, грчки јогурт,кисело млеко или јогурт
Џабе ќе стои во сода јаболкото, лупи го и вари го. Имаш суви сливи и кајсии во ДМ органски, па комбинирај нешто со купечки каши. Исто и со замрзнатото овошје по маркети што е комбинирај.
Здраво мајки Бебе 8 месеци наеднаш зеленчуковата каша не ми ја јаде. Од све му се гади, 3 лажички не можам да му бутнам. Само телешко ако има ќе касне едно 50 гр максимум, без месо јок. 1000 комбинации пробав, батат матат ништо. Некој се соочил со ова, фаза ли е? Што да му ставам да му смени вкус. Речиси се имаме воведено. Живци немам, секој ден скока ручек. До пред скоро јадеше по 140 грама отприлика за ручек, истите намирници што сега не сака да ги смисли (односно сите).
Јаболко не, си велам ај да се навикне на зеленчук како таков, јаболче давам цело ама во овошната наутро. Инаку маслиново масло капнувам и секогаш гледам да има кромидче или лукче за вкус. А зачин како зачин не, нели до година не смее сол.
Мислам дека некои од мајките кажуваа дека зачинувале со сушени зеленчуци од здрава храна. Ај може ќе пишат за сигурно. Или па ставаат по лажичка кисело млеко за вкус.
Јас ставам сушен зеленчук како зачин, во него има кромид, морков, пашканат. Некогаш ставам и лукче или бибер. Сол после година дена.
Мајки каков распоред имате на доручек ручек вечера тие што доите па и тие што сте на АД? Педијатарот ми препорача да не и давам многу често да цица , некој подој да заменам со вода, бидејки навечер се буди на два часа. И давам ручек не мерам но јаде повеќе од 150 г. Колку и давам толку јаде незнам ни јас колку и е доста. Почнав и со вечера но некогаш јаде некогаш многу малку не ја форсирам.